Top
- ARMAF Club de Nuit Uńtōld EDP 3.590,00
-
DAVIDOFF Zino EDT
Оценето 5.00 од 52.390,00
- CREED Aventus EDP 18.550,00
Акција
- PRADA Luna Rossa EDT
- DUNHILL Desire Extreme EDT
- DIOR Eau Sauvage EDT 3.250,00 – 5.190,00
Разликата е во количината на есенцијалните масла кои се користат за да се направи парфемот. Најсилен тип на мирис што може да се купи е чист парфем. По него доаѓа Eau de Parfum или парфимирана вода, потоа Eau de Toilette или тоалетна вода и на крај Eau de Cologne или колонска вода. Колку е повисок процентот на есенцијалните масла, толку подолготраен ќе биде мирисот и помала ќе биде количината која треба да се нанесе.
Кога се работи за купување на парфеми преку интернет, разбирливо е присуството на недоверба кај купувачот. Ве уверуваме дека ние продаваме исклучиво оригинални производи. Еден од најдобрите начините да препознаете фалсификувани парфеми е нереално ниската цена. Такви производи најчесто можете да сретнете на facebook, на пример сите парфеми имаат иста цена. Секој е парфем има различна набавна цена, па е нелогично да сите парфеми се продаваат по иста цена.
Исто така, нагласуваме дека некогаш сликите на нашата страна може се разликуваат од производот во однос на бојата, но тоа се должи на дигиталната обработка на сликите. Понекогаш производителите прават редизајн на парфемите, па може да се случи парфемот кој сте го купиле да се разликува од оној кој сте го имале пред неколку години. Сите парфеми не се исто долготрајни на секој тип на кожа. Кога споредувате, секогаш внимавајте да споредувате EDP со EDP, EDT со EDT. Kај некои парфеми разликата помеѓу пакувањата на EDT и EDP не е лесно воочлива.
Во парфемскиот свет секогаш се поставуваат истите прашања:
– Мојот нов парфем мириса различно од оној кој го купив пред две години, дали е оригинал?
– Зошто парфемите не се исти како некогаш?
– Трајноста на новиот парфем е послаба/посилна од онаа која ја знам, зошто?
– Зошто не го носите веќе „тој и тој“ парфем?
– Зошто престанал мојот омилен мирис да се произведува?
Секако, ако сте длабоко навлезени во промените во последните 20 години, тогаш сте информирани за големите измени од 2005 година. Тогаш за првпат се воведоа нови правила во користењето на мирисни состојки и мораше да се произведуваат парфеми според новите закони. Исто така, во овој контекст, ќе го сретнете и поимот „IFRA стандарди“. Прочитај повеќе...