Со користење на fragrance.mk ги прифаќање Условите за користење и Политиката за приватност. Fragrance.mk го задржува правото да ги промени Условите за користење и Политиката на приватност во секое време. Сите промени ќе бидат објавени на fragrance.mk.

1. ЦЕНИ

Цените на fragrance.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. fragrance.mk го задржува правото да ги промени цените на производите, без притоа да ги извести купувачите. Цените за производите кои се наоѓаат во нарачка која се процесира ќе останат непроменети.

2. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Платежна картичка – Плаќањето со платежна картичка се врши со некоја од картичките означени на дното од страната. Наплатата ја врши овластен центар за наплата на платежни картички од РМ во соработка со Комерцијална Банка АД Скопје и Ф.Д. Динерс Клуб Интернационал Мак Дооел. Откако ќе ја направите нарачката и ќе ги пополните сите податоци за испорака, автоматски ќе бидете префрлени во центарот за наплата каде што ги внесувате вашите податоци од платежната картичка.

*При плаќање со Динерс Клуб кредитна картичка трошокот ќе биде поделен на 12 месечни рати, за корекција на истиот јавете се на (02) 15 155.

fragrance.mk нема никаква поврзаност, ниту пак пристап до податоците за наплата.

Плаќање на испорака – По комплетирање на нарачката, истата ја превзема компанијата за испорака. Курирот најпрво ќе ве контактира на телефонскиот број кој го оставате при регистрација или при правење на нарачка за да се договорите за терминот за испорака. Плаќањето се врши во моментот на примопредавање на пратката, исклучиво во денари

3. ИСПОРАКА

Нарачките направени до 14:00 часот, ќе бидат предадени на курирот за испорака истиот ден. Останатите направени по 14:00 часот, ќе бидат предадени на курирот за испорака наредниот ден. Неработни денови се Сабота, Недела и државни празници.

Нарачките се испорачуваат преку Нова Пошта. Откако вашата нарачка ќе биде преземена од страна на курирот, ќе добиете известување на вашата email адреса со број за следење на пратката.

Времетраењето на испораката е од 1-3 работни дена, во зависност од тоа каде се испорачува пратката. Вообичаено, пратките за Скопје се доставуваат наредниот ден, 1-2 работни дена до поголемите градови и 2-3 работни дена до помалите градови и селата.

Трошоците за испорака за нарачки над 1500 денари ги плаќа fragrance.mk. Трошоците за нарачка под 1500 денари ги плаќа купувачот, а тие изнесуваат 160 денари.

5. ВРАЌАЊЕ НА ПРАТКА И ПОВРАТ НА УПЛАТА

fragrance.mk ќе одобри враќање на пратка во рок од 14 дена од денот на прием на пратката во некоја од следниве ситуации:

  • Ако сте добиле производ кој не сте го нарачале
  • Ако сте добиле оштетен или нефункционален производ

Производот треба да биде во иста состојба како кога сте го добиле (неотпакуван, некористен, во заштитна фолија за пакување). Пратката означена за враќање треба да се испрати на следнава адреса:

Денерис дооел
ул. 1550 бр. 50А
Визбегово, 1000 Скопје

Вредноста која купувачот ја платил ќе биде надоместена со уплата на трансакциска сметка или со вредносен ваучер, по избор на купувачот.