Блог

Почетна » Блог » МИРИСОТ НА ВЕТИВЕР – НАШ ПРЕДЛОГ ЗА 5 ВЕТИВЕР ПАРФЕМИ

МИРИСОТ НА ВЕТИВЕР – НАШ ПРЕДЛОГ ЗА 5 ВЕТИВЕР ПАРФЕМИ

Ветивер е брзорастечка и висока трева, која може да живее и повеќе од 50 години, со потекло од семејството на растенија Poaceae, кое исто така вклучува лимонска трева, ѓумбир и цитронела.

Мирисот на Ветивер од различни делови во светот сепак се разликува, а примарното потекло е од Јужна Индија, Шри Ланка и Индонезија, народи кои први ги препознале ароматичните и лековити својства на ветиверот, кои денес се широко култивирани во различни земји низ светот.

Всушност, сувиот корен на тревата кој расте вертикално и длабоко околу 3 метри, е оној кој се употребува за да се изработи ова ценето масло, кое го нарекуваат масло на спокојството. Благородно растение кое го ублажува загадувањето. Неговите корени ги детоксифицираат почвата и водата со висок потенцијал за апсорпција и толеранција за тешки метали. 

Потребни се 200-250 кг корени на ветивер за да се произведе само 1кг есенција ветивер, што значи дека цели полиња трева произведуваат изненадувачки мала количина на ветивер. Ако треба да го генерализираме мирисот на Ветивер, тогаш е земјест, дрвенест и зелен, потсетува на темјан, пура, кожа и пренесува балсамични чадени мирисни ноти…

Маслото од Ветивер има карактеристично сложена, богата, егзотична, силна арома која често се користи во парфемите. Нашиот потесен избор за популарни Ветивер парфеми е:

1. HERMES Terre d’Hermes Eau Intense Vetiver EDP

Terre d’Hermes Eau Intense Vetiver –  е исклучително машки мирис. Опоен биланс на три клучни ноти. Композиција која се отвора со светли, уникатни ноти на ветивер, со сензуален допир на сечуански бибер, во хармоничен однос збогатен со капки од сочен бергамот.

Понатаму, се додаваат длабоките ноти на дрвенест мирис и зелена арома на пачули. Мирис кој ја истакнува љубовта кон слободата, комбинација на свежина, машка енергија, топлина и интригирачка мистерија.

2. TOM FORD Grey Vetiver EDP

Tom Ford Grey Vetiver е софистициран, безвременски, елегантен, свеж и модерен мирис за мажи. Сивиот ветивер е убава и свежа нота која е доминантна во овој парфем, во совршен спој со цитруси, збогатени со пудрасти шмек кој го прават овој ултра луксузен парфем. Совршен за секоја пригода, за денски и вечерни излегувања, како и за канцелариска работа.

3. CHANEL Sycomore Eau de Parfum

Les  Exclusifs de Chanel Sycomore Chanel е величествено чист, благороден и моќен мирис.  Прекрасна креација која содржи луксузен ветивер, суптилно збогатена со останатите состојки, маѓепсува со својата аристократска едноставност и веднаш го привлекува вниманието на вашите ноздри.

Непогрешлив избор за сечиј нос. Маестрална елеганција во дрвенест парфем, што буди сензуалност, привлекува внимание,  дава самодоверба и има уникатна привлечност.

4. LALIQUE Encre Noire EDT

Драматичен и елегантен мирис, чие име буквално се преведува како “црно мастило” – рустичен тон на темен ветивер со природен магнетизам од задимени допири на сензуалните ноти од мошус, чемпрес и кашмир.

Еден од оние препознатливи и специфични мириси кои или ги сакаш од прва или не. Мирисот на полуизгорено дрво во овој парфем е супер симпатичен, свеж и енергичен, атрактивен и модерен.

5. LANCOME Hypnose EDP

Lancome Hypnose е хипнотизирачки мирис на жена која знае да го искористи својот шарм за заведување. Спирала на сензуалноста чии ноти ја отелотворуваат возвишената женственост и остава извонреден впечаток.

Топлата доза на ветивер опкружена со цветни ноти создава страствен допир од мирис на кожата. Дрвенесто- ориентален и долготраен мирис со волшебен траг.

Препорачани производи

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor