MEDIK8 Surface Radiance Cleanse
1.790,00
Откријте видливо помазна, посјајна и посвежа кожа без чувство на затегнатост или сушење. Medik8 Surface Radiance Cleanse е еден од глобално најпродаваните, создаден за темелно чистење и нежна ексфолијација во еден чекор.
Неговата напредна формула комбинира AHA и BHA киселини, кои ефикасно ги отстрануваат мртвите клетки, вишокот себум и нечистотиите, оставајќи ја кожата мазна, прочистена и со природен сјај. Особено е погоден за кожа со нерамномерна текстура, безживотен изглед или видливи знаци на стареење.
Гел текстурата со освежителен цитрусен мирис при контакт со вода се претвора во нежна пена која овозможува луксузно и длабинско чистење без да ја наруши природната рамнотежа на кожата.
Идеален е како втор чекор во рутината за двојно чистење (double cleanse).
Главни придобивки
- Темелно ги отстранува себумот, нечистотиите и остатоците од шминка.
- Нежно ја ексфолира површината на кожата благодарение на комбинацијата од AHA и BHA киселини.
- Го подобрува тенот и придонесува за посвеж, посветол и порамномерен изглед.
- Ги намалува видливите знаци на стареење, фините линии и нерамната текстура.
- Содржи екстракт од мангостин, богат со антиоксиданси, кој помага во заштита на кожата од штетното дејство на слободните радикали.
- По чистењето кожата останува мека, чиста и со здрав природен сјај.
Начин на употреба
При прва употреба:
Доколку првпат го користите производот, се препорачува да направите тест на мал дел од кожата најмалку 24 часа пред првата употреба.
Секојдневна употреба:
- Наутро и навечер нанесете мала количина од гелот на навлажнето лице и врат.
- Нежно масирајте со кружни движења додека не се создаде лесна пена.
- Исплакнете темелно со млака вода и нежно исушете ја кожата со чист пешкир.
Совет:
Доколку имате чувствителна или сува кожа, користете го еднаш дневно или само кога е потребно подлабинско чистење.
| Бренд |
Medik8 |
|---|---|
| Земја на потекло |
Обединето Кралство |
ИСПОРАКА
Fragrance.mk ќе го испорача вашиот парфем промотивно насекаде низ Македонија БЕСПЛАТНО за секоја нарачка над 3000 денари. За нарачки под 3000 денари, испораката изнесува 160 денари. Нарачките направени до 14:00 часот, ќе бидат предадени на курирот за испорака истиот ден. Останатите направени по 14:00 часот, ќе бидат предадени на курирот за испорака наредниот ден. Неработни денови се Сабота, Недела и државни празници.
Нарачките се испорачуваат преку ЕЛС Еко Логистик, Ин Пошта Радески или ДХЛ Експрес. Откако вашата нарачка ќе биде преземена од страна на курирот, ќе добиете известување на вашата email адреса со број за следење на пратката.
Времетраењето на испораката е од 1-5 работни дена, во зависност од тоа каде се испорачува пратката. Вообичаено, пратките за Скопје се доставуваат наредниот ден, 1-2 работни дена до поголемите градови и скопските приградски населби и 3-5 работни дена до помалите градови и селата.
Доколку имате потреба од повеќе информации пратете ни email или јавете се на 072/73 33 98.

Рецензии
Нема рецензии.