Мирисни ноти
- Горни: Bergamot, Orange blossom, Osmanthus
- Средни: Amber, Musk
- Основни: Vanilla, Vetiver, Patchouli
Младиот и многу модерен дизајнер со кубанско потекло Narciso Rodriguez го пласираше својот прв мирис, кој веднаш стана хит во САД, но не само таму. Новата модерна арома ја има за цел модерната и слободна жена, која е свесна за својата сексуалност. Популарноста на овој мирис (независно од неговата необична композиција и тежок карактер, а можеби и токму поради тоа) е лесна за објаснување бидејќи ја рефлектира желбата на секоја жена да привлекува и заведува, а овој мирис има отворен сексуален карактер. Агресијата исчезнува и миросот станува скротен и нежен.
На почеток, во 2004 година, беше пласиран како тоалетна вода, во црно шише и розова надворешна кутија. Потоа во 2006 беше создаден парфемот во розово шише и црна надворешна кутија. Композицијата беше сменета, покрај фактот дека специфичната нота остана во центарот на композицијата. Парфемот има нота на ружа на врвот. Трагата станува помистериозна и побогата, благодарение на егзотичните шуми – разликата е што првиот е појак и поагресивен, додека вториот е поблаг и понежен. Креатори на овие мириси се Christine Nagel и Francis Kurkdjian.
Kristina –
Парфем кој трае!
Совршен за сите обожаватели на Musk Fragrances-силен парфем од кој е доволно да прснете два пати за да мирисате цел ден. Доволно е да прснете два три пати за да мирисате цел ден. На почетокот чуствувате силна нота која со времето се намалува и станува поблага и помистериозна.