ЛУКСУЗНИ И NICHE ПАРФЕМИ ЗА ОВАА ЗИМА
Ако за оваа зима барате луксуз и уникатен мирис, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурно веќе знаете дека постојат
Кога пребарувате парфеми, често можете да се сретнете со поимот „blue scents“, а уште почесто тие се спакувани во сини шишенца и кутии. Но, што тоа значи кога ги толкуваме нотите? Како би мирисало нешто што има сина боја?
Уште од самиот почеток, ќе ви кажеме дека се работи за маркетиншки поим. Син парфем не се однесува на бојата на течноста, ниту пак на пакувањето. Всушност, производителите и нивните маркетинг тимови откриле дека сината боја е омилена на многу луѓе и го употребиле тоа за да можат подобро да ги продадат своите производи.
А во превод, син парфем би бил оној кој е опишан како морски, акватичен, озонски и слични поими, кои погодувате, се исто маркетинг.
Сепак, ако обрнете внимание на она што се нуди на пазарот, ќе видите дека сме во право. Помислете само на целата колекција на Аcqua di Parma Blu Mediterraneo. Сите парфеми се во карактеристично сино стаклено шише, за да може да нè потсетат токму на медитеранско лето. Мирисните ноти се најчесто цитрусни, дрвенести, зачинести, ароматични, а како дополнителни ноти се користат ѓумбир, смоква, лист од смоква и сол.
Ако сте од оние кои уживаат во ваквиот мирис, имаме неколку предлози за вас:
Во основата на овој парфем ќе најдеде кедрово дрво, мошус, кардамом, сандаловина и мов. На самото отворање ќе ве дочекаат лимон, бергамот, нероли, ананас и рузмарин, а свежо-зачинскиот аспект продолжува и во средниот развој на парфемот.
Azzaro Chrome постои на пазарот од 1996 година и се уште е еден од најомилените машки парфеми за лето.
За вас избравме еден преубав син мирис од линијата на Acqua Di Parma – Arancina di Capri. Врз слатката основа од карамел и мошус е изградена композиција која ги содржи нотите на портокал, мандарина, бергамот и нероли.
Ова е вистинско летно уживање за оние кои не сакаат интензивни и нападни парфеми.
Како што можете и самите да видите, ова е еден прекрасен парфем за жени, спакуван во шишенце со карактеристична сина боја. Оние кои го користат го опишуваат како свеж, заводлив, силен, инспиративен, чист и прозрачен.
А нотите се навистина едноставни – кедрово дрво, лабданум, кафеав шеќер, јасмин и лимон со нане.
Ова е еден од најпопуларните машки мириси во светот. Креаторот Jacques Cavallier го замислил како морски амбер, кој потсетува на длабочините на студената океанска вода. Секако, ефектот е дополнет со ветивер, пачули, сицилијански лимон, бергамот од Калабрија, жалфија и зелено јаболко.
На оваа листа мораше да се најде и Davidoff Cool Water кој е типичен и стереотипен син мирис. Во својата композиција содржи диња, лимон, ананас, дуња, лотосов цвет, момина солза, мошус, малина и ветивер.
Сепак, без разлика на комплексната мирисна пирамида, парфемот е вистинсо освежување и одличен избор за заштитен мирисен знак.
Ако за оваа зима барате луксуз и уникатен мирис, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурно веќе знаете дека постојат
Понекогаш е навистина збунувачки да се следат различните изданија на ист парфем. Речиси секој комерцијален парфем има таканаречени фланкери, односно
За парфемите на Armaf може да се зборува со денови и секогаш да имаме нешто повеќе да кажеме. Имено, се
Сигурно и самите сте забележале дека кога ќе почувствувате некој мирис кој ви е познат, наеднаш како да сте во
Ова лето веќе зборувавме за парфеми кои потсетуваат на сончеви зраци. Но, она што овојпат нè интересираше е кои ноти
Летото е период кога можеме да одмориме од гурманските и ориенталните парфеми и малку повеќе да се фокусираме на лесните
За нарачки над 1500 денари, испораката ја плаќаме ние.
Изберете сигурно плаќање со картичка или во готово при достава.
Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!
Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.
Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!
За нарачки над 1500 денари, испораката ја плаќаме ние.
Изберете сигурно плаќање со картичка или во готово при достава.
Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.
Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.