Блог

Почетна » Блог » СОЗДАДЕТЕ УНИКАТЕН МИРИС СО ПАРФЕМСКИ СЛОЕВИ

СОЗДАДЕТЕ УНИКАТЕН МИРИС СО ПАРФЕМСКИ СЛОЕВИ

Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен мирис на тој начин. Затоа и со овој текст сакаме да ве поттикнеме да ги истражите различните мирисни групи и да научите како да експериментирате со парфемите, за да оставате единствен мирисен печат каде и да се појавите. 

Во основа, комбинирањето парфеми во слоеви има три основни категории: парфеми со иста или слична доминантна нота, потешки парфеми комбинирани со полесни и комбинација на вашиот парфем со „booster“ парфеми.

ПАРФЕМИ СО СЛИЧНА ДОМИНАНТНА НОТА

Овој пристап е добар кога сакате да направите околу себе облак од вашата омилена нота. На пример, ако обожавате мошус, правите комбинации од два до три различни мириси кои ги нанесувате и еден врз друг, но и различен парфем на различен дел од телото. 

На овој начин креирате хармонична комбинација на мириси кои се засноваат на вашите омилени ароми. 

На пример, ако сакате мирис на цитруси, тогаш можете да се обидете со MANCERA Sicily EDP со CHOPARD Happy Lemon Dulci. Ако обожавате роза, тогаш искомбинирајте PARFUMS DE MARLY Delina со JO MALONE Peony & Blush Suede EDC. Комбинацијата на JO MALONE Lime Basil & Mandarin EDC и HERMES Un Jardin en Mediterranee EDT ќе направи да се чувствувате како да сте на одмор на најубавите делови од Медитеранот, а за вечерната комбинација можете да ги изберете KARL LAGERFELD Fleur De Pecher EDP со DKNY Be Delicious EDP.

„ТЕЖОК“ ПАРФЕМ КОМБИНИРАН СО ЛЕСНИ НОТИ

Парфемите кои содржат ориентални, зачински и интензивно дрвенести ноти можеби се „тешки“ за лето, но секогаш можете да ги направите „полесни“ доколку имате цитрусни парфеми во вашата колекција. 

На пример, доколку го поседувате DOLCE GABBANA Light Blue EDT, DAVIDOFF Cool Water Woman EDT или BVLGARI Eau Parfumee au the Blanc EDC, можете да испробате како ќе се комбинираат со другите „потешки“ парфеми кои веќе ги имате.

Сличен ефект имаат и парфемите од линијата Blu Mediterraneo од ACQUA DI PARMA, кои го нагласуваат шармот на Медитеранот со помош на лесни цитрусни ноти, кои одлично би се искомбинирале со парфеми кои се базираат на роза, мошус или амбер.

СЛОЕВИ СО „SCENT BOOSTERS“

Сигурно веќе ви се познати парфемите како JHAG Not a Perfume или кое било од изданијата на Escentric Molecules. Овие мириси се состојат од една до две синтетички ноти кои треба да го засилат вашиот парфем. Секако, можете да ги носите самостојно ако ви се допаѓаат, но во комбинација со друго пареми креираат интригантна фузија помеѓу различните ноти. 

На пример Not a Perfume можете да го носите со кој било друг парфем на Juliette Has a Gun. Сепак, не сте ограничени само на тие комбинации, туку можете да експериментирате додека да го пронајдете она што ви одговара. А кога молекулите ќе се прилагодат на вашата „skin chemistry“, можете да создадете целосно персонализиран мирис кој никој никогаш нема да го ископира.

Како што и самите можете да видите, слоевитото нанесување на парфеми отвара многу можности да направите личен мирис, па дури и да ги искористите парфемите кои сами по себе не ве воодушевуваат. Правила нема – доволно е само да ѝ дозволите на вашата креативност да ве води во овој свет на воодушевуачки ароми, да експериментирате и да не се плашите да откриете еден цел свет на мириси кои можеби и не сте се надевале дека ќе ви се допаднат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor