КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?

Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и спротивниот случај, кога мирисот на некој парфем ве потсетува на нешто негативно или тажно, па го избегнувате, па дури и мразите тој мирис. 

Повеќе од сигурно е дека постои силна врска меѓу мирисите и емоциите. Велат дека ништо нема да ве врати подобро во одредено време и на одредено место отколку мирисите. Потсетете се само на мирисот на куќата на вашите баба и дедо или пак на училниците во вашето училиште. Слично се случува и со парфемите. 

Некој ќе ве потсетува на некое патување, друг на убави дружби, трет на скршено срце, но всушност сето тоа е дел од начинот на кој мирисите влијаат врз нашите емоции, но и расположението генерално. 

Како се случува тоа?

МИРИСИТЕ И ЕМОЦИИТЕ

Мирисите имаат директно влијание врз делот од нашиот мозок каде складираме емоции и спомени. Кога ќе почувствуваме некој мирис, рецепторите веднаш испраќаат сигнал до мозокот, кој пак веќе го има поврзано тој мирис со некоја специфична емоција или спомен. Па така, вашиот парфем директно стимулира различни расположенија. 

Но, одредени мирисни ноти имаат и различни ефекти врз вас. На пример сите знаеме дека лавандата смирува, додека цитрусните ноти енергизираат и ве прават многу подобро расположени. Од друга страна, цветните ноти прават да се чувствувате софистицирано, додека пак овошните се одлични за да ве орасположат во деновите кога чувствувате некаква тага.

МИРИСИ КОИ ВЕ ПРАВАТ РАСПОЛОЖЕНИ И ПОЛНИ СО ЕНЕРГИЈА

Цитрусите се првата група која важи за главен орасположувач. Ако изберете парфеми базирани на лимон, портокал или грејпфрут, тогаш инстантно ќе се чувствувате подобро. А ако се комбинирани со ноти како нане или ѓумбир, веднаш ќе се почувствувате помотивирани за што и да правите. Цитрусните парфеми се одличен начин да го започнете денот. 

Наши предлози: HERMES Eau de Mandarine Ambree EDC или ACQUA DI PARMA Blu Mediterraneo Chinotto di Liguria EDT

МИРИСИ КОИ РЕЛАКСИРААТ И СМИРУВААТ

Се работи за нешто што е сосема спротивно на мирисите кои ве орасположуваат. Понекогаш ви треба омилениот парфем за да ве релаксира, а ако содржи ноти како лаванда, камилица или ванила, тогаш сте на правиот пат. Овие парфеми ве ослободуваат од стрес, ја намалуваат анксиозноста и ви даваат чувство на внатрешен мир. Па така, ако некогаш се почувствувате немирно, обидете се со некој од следните парфеми: GUERLAIN Mon Guerlain EDP, GIVENCHY Ange ou Demon EDP или ARIANA GRANDE Cloud EDP.

ПАРФЕМИ КОИ ВИ ДАВААТ САМОДОВЕРБА

Ако сакате да се почувствувате самоуверено, елегантно, како и да си ја подобрите моменталната слика за себе, ви препорачуваме да изберете парфем кој содржи ноти на јасмин, роза или сандаловина. Овие ноти често се асоцираат со елеганција и сензуалност. На овој начин не само што вие се чувствувате подобро, туку и оставате силен впечаток во вашата околина. 

Предлози: DOLCE & GABBANA Pour Femme Intense EDP, LALIQUE Satine EDP или PRADA Amber EDP.

КАКО САМИТЕ ДА КРЕИРАТЕ МИРИСНИ СПОМЕНИ?

Дел од настаните во животот можеме да ги контролираме, но некои случки се спонтани. Без разлика дали се работи за нешто добро или непријатно, вашиот мозок го вклучува и мирисот кога го креира споменот. 

Некогаш свесно можете да изберете да не го носите омилениот парфем кога минете низ тешки моменти, за да не го поврзувате со тие непријатни настани. Од друга страна, можете и самите да изберете кој парфем ќе ве потсетува на нешто убаво, на пример вашата венчавка, летните прошетки, денот кога го вдомивте првиот миленик и слични ситуации. 

Мирисите имаат моќ да ве носат на патувања низ различни времиња и места, ако им дозволите да се поврзат со вашите емоции и спомени. И најдобро е што овие авантури никогаш не запираат, бидејќи колку што има мириси, уште повеќе има и емоции и спомени кои се поврзани со нив.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА