Блог

Почетна » Блог » ИЗБИРАЊЕ НА СОВРШЕН ПАРФЕМ ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА: ДЕН, НОЌ, СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛИКИ

ИЗБИРАЊЕ НА СОВРШЕН ПАРФЕМ ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА: ДЕН, НОЌ, СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛИКИ

Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни, вечерни и специјални парфеми, но сепак многу луѓе сакаат да имаат јасна граница според тоа кога каков парфем се користи. Па затоа, за да ги разрешиме сите дилеми, решивме да ви помогнеме со изборот на парфеми за неколку различни пригоди. 

ДНЕВНИ ПАРФЕМИ

Непишано правило е дека кога одите на работа или на некој дневен кежуал настан би требало да изберете лесен и свеж парфем. Тоа подразбира дека цитрусните ноти и зелените акорди треба да ви бидат приоритет. Сепак, многумина ги избегнуваат поради тоа што не ја даваат задоволителната трајност, но добро е што секогаш можете повторно да нанесете и да го обновите мирисот. 

Од друга страна, во вакви ситуации е добро да бидете подискретни, бидејќи големиот број на луѓе како и топлото време може да направат некој „потежок“ парфем неподнослив за оние околу вас.

ЗА ВЕЧЕРНИ НАСТАНИ

Вечерните пригоди често бараат одредена доза на софистицираност и сензуалност, па дури и мистичност и заводливост. Затоа и нотите како ванила, амбер или мошус може да креираат одлична аура со која ќе го привлечете секое посакувано внимание. 

Зачинските ноти, но и роза, кожа, како и бибер, може да придонесат за повеќе романтика или пак, да ве издвојат од толпата, без разлика дали се работи за вечера, коктел или љубовен состанок.

ВПЕЧАТЛИВО И ЛУКСУЗНО

Специјалните настани се нешто што го памтиме долго. Без разлика дали се работи за некој гала настан, свадба, или пак некаде каде треба да оставите впечаток, можете да изберете сензуални парфеми кои содржат уд, цветни ноти и гурмански елементи.

На тој начин ќе ги импресионирате сите и со сигурност ќе се сеќаваат и на вас и на вашиот парфем.

ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ПРЕТОПАТ ВО ОКОЛИНАТА

Постојат ретки прилики во кои не сакате да се истакнувате, но сепак би мирисале прекрасно. Не грижете се, бидејќи постојат неколку идеални парфеми кои ќе ви помогнат и да уживате во прекрасниот мирис, но и да не бидете најдобро намирисаната личност во просторијата.

Се работи за ситуации во кои атмосферата е помирна, а сепак има и одредена доза на елеганција. Затоа, треба да изберете нешто со дискретна елегантна аура, на пример:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor