ТУБЕРОЗА – ЦВЕТ КОЈ МАЃЕПСУВА: ШЕСТ ПРЕДЛОГ ПАРФЕМИ КОИ ЈА СОДРЖАТ ОВАА НОТА
Една од најчестите цветни ноти кои можете да ги најдете во парфемите кои се опишани дека мирисаат на бело цвеќе е токму туберозата. Таа, заедно со јасмин, нероли и гарденија, го креираат токму тој профил на мириси. Често во овие композиции ќе сретнете и цвет од портокал, фрезија и магнолија, како и момина солза. Нејзиното оригинално потекло е од Мексико, каде расте како украсно растение.
Има различни видови, но оној кој се користи во парфемската индустрија е Agave amica, или претходно познат како Polianthes tuberosa. Поради тоа некаде можете да ја сретнете и со името полиантес, но во парфемскиот свет, сепак најчесто се користи терминот тубероза.
Мирисот е опојно цветен, заводлив, може да биде гурмански сладок, провокативен, па дури и малку безобразен. Најчесто, парфемите го содржат зборот „тубероза“ во самото име, но има и вистински дијаманти кои толку добро ја носат во себе, што можеме да станеме зависни од нив.
На пример, некои од нив се:
1. GIVENCHY L’Interdit EDT
Првиот L’Interdit бил направен за Одри Хепберн и бил заштитен како лично нејзин. Подоцна бил преработен за комерцијална продажба, но она што ние денеска го подразбираме како L’Interdit е верзијата од 2018, која е достапна во парфимериите. Во самото отворање има круша и бергамот, основата е од ванила, пачули и ветивер, а во срцето на парфемот е туберозата, заедно со цвет од портокал и јасмин како придружни ноти. Оваа нота ја има во сите модерни верзии на парфемот, вклучувајќи ги и L’Interdit Eau de Toilette, L’Interdit Eau de Parfum Intense и најновиот L’Interdit Eau de Parfum Rouge.
2. BVLGARI Splendida Tubereuse Mystique EDP
Парфемот и во своето име ја носи туберозата, која е комбинирана со абсолут од ванила и со црна рибизла. Токму во овој парфем може да се види дека покрај тоа што се работи за бел цвет, тој може да има и доста мрачен и мистичен карактер. Многумина за овој парфем велат дека ги потсетува на гума за џвакање, што е уште еден доказ дека туберозата може да има сладок и гурмански аспект кога е правилно избалансирана во композицијата.
3. NASOMATTO Narcotic V
Доминантната тубероза тука лежи врз основа од крин, јасмин и зачини. Се работи за многу женствена и едноставна креација, која треба да потсети на сексуалност и заводливост, женска енергија која не остава никого рамнодушен. Вистински избор ако сакате да ја почувствувате заводничката моќ на ова цвеќе.
4. GUCCI Bloom EDP
Во оваа композиција, туберозата ја покажува и својата зелена мирисна страна. Кога ќе го помирисате, чувствувате како да сте влегле во огромна цветна градина, каде туберозата и јасминот се натпреваруваат кој ќе биде подоминантен. Едноставниот дизајн на шишенцето застанува против сите оние нападни и декоративни парфеми, бидејќи целта е една – да се создаде мирис кој е чист, кој ја придружува жената која го носи и кој ѝ пружа неверојатно уживање за сетилата.
5. ARMANI My Way EDP
Уште едно неодамнешно мирисно остварување, кое веќе има своја публика и љубители. Туберозата е скриена во средните ноти, заедно со индискиот јасмин. Во самото отворање ќе почувствувате цитрусни ноти, а основата на парфемот се состои од ванила, мошус и дрвенести ноти. Сосема очекувано, туберозата е онаа која е носител на целата композиција.
6. DIOR J’adore EDP
Во овој парфем има многу ноти. Отворањето е овошно и содржи праска, диња и круша, а во основата има мошус, капина, ванила и дрвенести ноти. За разлика од претходните примери, во срцето на парфемот доминира јасминот, но ниеден вистински парфем кој е посветен на белото цвеќе, не може да помине без тубероза. Таа јасно се истакнува, но не се наметнува, оставајќи простор на другите ноти да ја надополнат.