
КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и
Понекогаш е навистина збунувачки да се следат различните изданија на ист парфем. Речиси секој комерцијален парфем има таканаречени фланкери, односно различни концентрации како на пример Eau de Parfum, Eau de Cologne, Parfum, Eau de Parfum Intense, Eau de Toilette, или пак дополнителни изданија од истата линија.
Кога зборуваме за Eros Versace, мислиме на збир од неколку фланкери кои доаѓаат во различни концентрации. Сепак, тоа не значи дека EDT е разводенета верзија на EDP, или дека EDC е послаба варијанта на EDT. Напротив, во денешно време може да се случи некоја тоалетна вода да е подеднакво трајна како и EDP верзијата.
Па, ако сте љубители на машката линија на Eros Versace, ова се неколку совети кои може да ви помогнат во изборот:
Ова е првичната верзија на Eros од 2012 година. Инспирацијата за дизајнот на шишето, а и самиот мирис е античката грчка митологија, додека бојата на шишето е репрезентација на Средоземното Море (Медитеранот).
Носот зад Eros EDT е исклучителниот Aurelien Guichard, кој за Versace состави уникатна, но и препознатлива комбинација на ноти. Во самото отворање имате нане, зелено јаболко и лимон, додека во средните ноти можете да детектирате тонка зрна, гераниум и амброксан. Основата е прекрасна комбинација на ванила, кедрово дрво, мов и ветивер.
Овој парфем е она на кое прво ви текнува кога некој ќе спомне Eros. Eros EDT е парфем со висока трајност, кој на вашата кожа останува со часови.
Eros EDP е верзија од 2020 година, која може да се носи во секое годишно време, без разлика дали е ден или вечер. Оваа варијанта во принцип ги има истите ноти како и EDT, како што се нане, амброксан, гераниум, ванила и кедрово дрво.
Сепак, отворањето е засилено и со зашеќерено јаболко и мандарина, додека во срцето на парфемот е додадена нота на жалфија. За да се заокружи оваа збогатена композиција, во основата се додадени ноти на пачули и кожа.
Всушност, EDP е верзија која можете да ја носите преку целата година, додека пак EDT е замислена за потоплите денови.
Кога е во прашање трајноста, можете да очекувате средно силен интензитет, кој трае со часови. За некои корисници е малку здодевен, но за други е нивни личен потпис. Сепак, квалитетот е неприкосновен.
Во 2021 Versace го лансираа Eros Parfum. Сите би очекувале дека се работи за уште поинтензивна верзија, со повеќе парфемски ноти. Сепак, денешната парфемска пракса подразбира дека Parfum изданијата се најчесто поедноставени и минимизирани верзии на своите претходници.
Секако, во Eros Parfum веднаш ќе ја препознаете ДНК на EDT и EDP. Сепак, во основата овој парфем содржи тонка и амбер, додека во отворањето има силен бран на нане и лимон. Срцевината на парфемот е со зелено јаболко и гераниум. Перформансите се слични како и на EDT и EDP, но сепак цената е малку повисока, делумно поради тоа што е ново издание, но и поради редовната пракса на брендовите да ги ценат повеќе трудот и ресурсите вложени во Parfum изданијата.
Оние кои го користат сметаат дека токму нотата на амбер во основата на парфемот го прави Eros Parfum позаводлив од своите претходници.
Eros Flame е популарен фланкер во црвено шишенце. Се работи за издание од 2018 година и доаѓа само во EDP концентрација. Реинтерпретацијата на Eros EDT ја направи парфемистот Olivier Pescheux, кој со Eros Flame дава контраст на оригиналната композиција.
Во основата на парфемот ќе најдете ванила, тонка, сандаловина и пачули, а во средните ноти се присутни бибер, гераниум и роза. Отворањето е покомплексно поради присуството на мандарина, бибер, лимон и рузмарин. Во Eros Flame нема ноти на јаболко.
Можете да го носите и на работа во канцеларија, на дружење, на романтични состаноци и на ноќни забави. Тајната на Eros Flame е во дозирањето, па така не претерувајте со прскањата за формални прилики. Во други ситуации можете да си дозволите да бидете и повпечатливи.
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,
Ако за оваа зима барате луксуз и уникатен мирис, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурно веќе знаете дека постојат
За парфемите на Armaf може да се зборува со денови и секогаш да имаме нешто повеќе да кажеме. Имено, се
Сигурно и самите сте забележале дека кога ќе почувствувате некој мирис кој ви е познат, наеднаш како да сте во
За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.
Изберете сигурно плаќање со картичка или во готово при достава.
Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!
Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.
Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.