Блог

Почетна » Блог » ПАРФЕМИ КОИ МИРИСААТ СЛИЧНО ЕДЕН НА ДРУГ – ЖЕНСКО ИЗДАНИЕ

ПАРФЕМИ КОИ МИРИСААТ СЛИЧНО ЕДЕН НА ДРУГ – ЖЕНСКО ИЗДАНИЕ

Комбинациите на ноти се бесконечни, но тоа не значи дека секоја комбинација резултира со добар мирис. Една од најинтересните појави во парфемската индустрија е „декодирањето“ на формулата од страна на конкуренцијата, за да можат да направат нешто слично или подобро. 

Секако, кога зборуваме за парфеми кои мирисаат слично, не мислиме на оние „фланкери“, односно парфемите од иста линија (на пример Mugler Angel и Mugler Angel Muse или Guerlain Shalimar EDP и Guerlain Shalimar Philtre de Parfum). 

Сигурни и самите сте забележале дека кога ќе помирисате парфем, може да ве потсети на некој друг. Тоа не значи дека е копија или имитација, туку едноставно е искористена основа или акорд кој е во тренд и е направен нов мирис. Ова особено можат да го забележат „истренирани“ носеви, кои имаат искуство со многу парфеми. 

Во продолжение ќе издвоиме неколку такви примери. Повторуваме, не велиме дека тие парфеми се исти, туку дека имаат одредени сличности кои може да бидат навистина корисни ако сакате да направите промена, а сепак да се држите до омилениот стил.

1. GUERLAIN Mon Guerlain EDP

Mon Guerlain EDP има неколку „фланкери“, но и предвесник, Mon Exclusif. Денеска имаме достапни и Florale, Intense, EDT, Sensuelle и уште неколку. Се работи за парфем со ванила и лаванда, направен да наликува на легендарните композиции на Guerlain, но сепак со помодерен пристап во интерпретацијата на популарните ноти. 

Но, ако сакате нешто слично, со тој пристап во „градењето“ на композицијата, можете да ги пробате и Mugler Angel Muse или Mugler Alien, а многумина наоѓаат и поврзаност со Lancome La Vie est Belle.

2. DIOR J’Adore EDP

Оваа цветно-овошна композиција на Dior веќе има многу реинтерпретации, клонови, имитации и копии. Се работи за исклучително популарен парфем кој повеќе од 2 децении е во редовната понуда на Dior. 

Доколку барате нешто што е во тој стил, но да не е J’Adore EDP, пробајте некоја од поновите варијанти, на пример J’Adore Infinissime, или пак дадете шанса на Chanel Gabrielle, DKNY Golden Delicious, или пак направете чекор понатаму со Chloe Chloe или D&G The One for Her.

3. YVES SAINT LAURENT Black Opium EDP

Како што можете да забележите, во оваа листа доминираат парфеми со многу „фланкери“, бидејќи дури и самиот дизајнер добива идеи за да ги подобри оригиналните композиции. Black Opium е модерна верзија на легендарниот Opium, но освен името, немаат друга сличност. Ако не го сакате EDP, можете да дадете шанса на EDT, Neon, Extreme, Intense, Nuit Blanche… Во сите доминираат кафето, ванилата и пачули. 

А, можете да се обидете и со Tom Ford Noir Pour Femme, потоа Dior Poison Girl, D&G The Only One, но и Cacharel Noa, кој можеби беше и првиот парфем кој толку храбро вклучи нота на кафе во композицијата.

4. LANCOME La Vie Est Belle EDP

Цветен, овошен и гурмански, без разлика колку „фланкери“ има, се чини како фановите на овој мирис секогаш да се навраќаат на основната EDP верзија. Во оваа композиција, покрај јасминот, чоколадото, ванилата и цветот од портокал, значајна улога игра и ирисот. Всушност, интересно е да се знае дека се работело три години додека да се добие мирисот, па не е ни чудно што има толку многу „фланкери“, меѓу кои и L’Eclat, Soleil Cristal, Intensement, Rose и уште неколку други. 

Но, доколку сакате нешто слично, кое ги задржува гурманско-цветните акорди во себе, пробајте со V&R Flowerbomb, Agent Provocateur Fatale, па дури и Giorgio Armani Si или Calvin Klein Euphoria.

5. BVLGARI Omnia Crystaline EDT

Во даден момент постоеше и EDP верзија, која е многу ретка. Но, речиси и да нема познавач на парфеми кој барем го нема тестирано Bvlgari Omnia Crystalline, прозрачен парфем кој мириса на мошус, бел чај, бамбус, лотос и круша. Во колекцијата Omnia има десетици претставници. Сепак, ако ја сакате таа чистина и прозрачност од мирисот ќе ви ги препорачаме:

Carolina Herrera 212 NYC For Her, потоа D&G Light Blue, Guerlain Shalimar Souffle de Lumiere, како и Versace Bright Crystal, Lanvin Eclat d’Arpege или Lancome Miracle.

Препорачани производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor