СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме
Ако за оваа зима барате луксуз и уникатен мирис, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурно веќе знаете дека постојат дизајнерски и niche парфемски брендови, а често дури и дизајнерите имаат приватни парфемски линии. Состојките кои се избираат за овие парфеми се со врвен квалитет, а особено внимание се посветува и на пакувањето.
Веќе сигурно ви се познати брендовите како Tom Ford, Amouage или Tiziana Terenzi. За нив може да се каже дека се водечки во парфемската индустрија и ги дефинираат трендовите во кои изработката на парфеми се движи.
А ако сакате да изберете одличен луксузен парфем за вас, ова се нашите препораки:
Ова е еден прекрасен и софистициран мирис, кој се отвора цветно, со ноти на хризантема и нарцис. Одличен е за секое годишно време, бидејќи комбинацијата на каранфил, кожа, амбергрис, пачули и мошус создава уникатно чувство на префинетост.
На моменти ќе ве потсетува на ретро-парфемите од 80тите и 90тите, како што се Chanel No5 или Paloma Picasso by Paloma Picasso, а потоа ќе ве воодушеви со модерниот развој на композицијата. Она што можеме да го кажеме е дека одговара на елегантен и бизнис стил, иако секоја жена може успешно да го износи.
Оваа композиција е дело на неповторливиот Francis Kurkdjian, кој е креатор на еден од најпосакуваните парфеми на денешницата, Bacarrat Rouge 540. Во 2006, тој соработувал со Romano Ricci, за заедно да лансираат модерна композиција на chypre цветен мирис за жени.
За разлика од поголемиот дел JHAG парфеми, кои се унисекс, овој е наменет за женската популација, иако веќе одамна тие граници не се валидни.
А што добивате вие ако го купите Lady Vengeance? Композиција од роза и пачули, мошус, ванила и секако, комбинирани со молекулите Iso E Super и Ambroxan. Можеби на моменти ќе ве потсетува и на Narciso Rodriguez For Her, што е сосема очекувано знаејќи дека Kurkdjian е „носот“ кој работел на двата парфема.
Ако сте љубител на зелени ароматици и не ги сакате тешките ориентални композиции во зима, можеби го имаме вистинскиот парфем за вас. Absinth е унисекс парфем кој доаѓа во пакување од 30 милилитри. Сепак, не треба да ве буни тоа, бидејќи се работи за вистинска бомба од ноти, која ќе остави впечаток каде и да се појавите.
Приказната зад овие парфеми е поттикнување на реакција, а креаторот Alessandro Gualtieri смета дека Absinth треба да ви предизвика минимална хистерија и стимулација на вашиот немир. Ние би ви рекле да не се плашите од описот, туку да ја пробате оваа одлична комбинација на зелени ноти и ветивер.
Kirke е парфем кој е вистински камелеон меѓу niche дизајните. Кого и да прашате, го доживува на различен начин. Според едни е изразено женски и летен, според други е тежок парфем кој треба многу внимателно да се дозира, а трети пак, велат дека е машки парфем кој не одговара кај ниедна девојка.
Секако, комбинацијата на маракуја, праска, круша, малина, момина солза, мошус и сандалово дрво би не навела да мислиме дека е женски парфем. Но, од друга страна, никогаш не знаете како ќе го доживеете. Може да ви стане верен пријател за целата година, или пак, само периодично да уживате во него.
Ова е сладок и зачински парфем за мажи, креација на Sonia Constant. Таа ги комбинирала нотите на кардамом, морско оревче, шафран, кулфи сладолед, роза, јасмин, ванила и амбер, за да создаде топла и пријатна композиција.
Ќе ви се допадне ако сте љубители на Victor & Rolf Spicebomb или Tom Ford Black Orchid. Според нашите купувачи, подеднакво добро сто и кај жени, што е уште еден доказ дека кога е во прашање niche парфемскиот свет, категориите се само маркетиншка етикета.
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,
Понекогаш е навистина збунувачки да се следат различните изданија на ист парфем. Речиси секој комерцијален парфем има таканаречени фланкери, односно