ТРЕНД ИЛИ КЛАСИКА: ШТО ЌЕ НОСИТЕ ОВАА ПРОЛЕТ?
Според некои непишани правила, потешките, благите и ориенталните парфеми се за доцна есен и зима, лесните цитруси и акватици за лето и почетокот на есента, додека пак пролетта е период во кој најмногу луѓе сакаат да мирисаат цветно или зелено, во склад со природата.
Постојат мириси кои опстанаа низ годините и кои се уште се популарни, но многумина би сакале и да испробаат нешто поново или да видат што познатите брендови имаат да понудат на почетокот на пролетта.
Пролетен парфем всушност и не постои како дефиниција, туку тоа се сите оние кои нè потсетуваат на расцутени дрвја, свежа зелена трева, цвеќиња, кои се забележливи и искрат, едноставно сјајни и пријатни за носење.
Кој е вашиот избор? Дали ви треба предлог, некаква идеја, за тоа што да носите оваа пролет? Во нашата листа ќе најдете и добро познати класични мириси, но и нешто од последните години, соодветно на пролетта.
HUGO BOSS The Scent for Her
Овој мирис има ноти на праска, фрезија и османтус, кои лежат на совржена подлога на ноти на какао. Идеален за периодот кога времето се менува од час во час.
KENZO Flower
Цветно-пудреста композиција која со години го држи епитетот еден од најдобрите цветни мириси. Обвиткајте се себе во нежен одблак од ванила и мошус, надополнет со роза, бугарска роза, јасмин и мирис на штотуку расцутени дрвја.
LANCOME Idole
Ова е креација од 2019, која иако нема огромно комерцијално влијание, сепак има свои лојални обожаватели. Турска роза, индиски јасмин, бергамот, круша, мошус и ванила – зарем има нешто што нема да ви се допадне во овој парфем?
DOLCE & GABBANA The One
The One е парфем за оние кои не се плашат да бидат забележани, бидејќи привлекува внимание каде и да се појавите. Отворањето е лесно, светкаво, воздушесто, додека пак срцето на парфемот е богато со овошни и цветни ноти, како момина солза, крин и јасмин, со малку слива, за да даде целина на оваа композиција.
DIOR Miss Dior Blooming Bouquet
Ако сакате цветно-цитрусна варијанта на познатиот класик на Dior, тогаш оваа мека и елегантна композиција од роза, божур и кајсија и праска, ќе ве освои уште на првото мирисање.
GIVENCHY Irresistible
Овошно-пудреста композиција, која во себе има мошус, ирис, круша и роза. Ова е нов парфем, од 2020 година, кој ја запазува познатата ДНК на сите свои претходници од линијата Irresistible – кои се, како што името кажува, неодоливи.
GUERLAIN Mon Guerlain
Ако сте љубител на Mon Guerlain, но мислите дека основната верзија би била тешко нослива кога времето е топло, тогаш пробајте ја EDT варијантата. Се работи за сличен мирис, но со повеќе фокус на лесните цветни ноти, а помалку ванила и мошус.
ARMANI Acqua di Gio
За момците, познатиот акватик на Armani е совршен за топлите денови кои доаѓаат. Отворањето е богато со цитруси, а во средината доминираат таканаречените морски ноти, кои прават да се чувствувате како да сте постојано под сонце. Сето тоа е проследено со траги на мошус, пачули и дрвени ноти.
BVLGARI Man Wood Essence
Ветивер, дрво, benzoin (смола со арома слична на ванила), како и зимзелени ноти, коријандер и многу цитруси. Зарем ви треба нешто повеќе за оваа пролет? Ако ви треба „помалку“, тогаш дајте му шанса на Wood Neroli од истата MAN линија.
ISSEY MIYAKE L’Eau D’Issey pour Homme
Веројатно ова е најсвежиот пролетен и летен парфем за мажи, од категоријата на дрвенести акватици. Тоа значи дека содржи во себе и многу зачини, како и цитруси, ветивер, мошус, дрвенести ноти и малку тутун.
DOLCE & GABBANA Light Blue Eau Intense pour Homme
Машкиот Light Blue навистина многу личи на женскиот, со повеќе ноти на дрво, смрека, бибер и рузмарин. Овој мирис е вистинско уживање за сите сетила и навистина се истакнува кога надвор е топло.
ARMAF Club de Nuit Intense Man
Парфем кој мириса на лимон, ананас, бреза, јасмин, бегамот, мошус и пачули. За него велат дека е клон на познатиот Creed Aventus, за оние кои сакаат да мирисаат луксузно, а да не трошат многу пари на сето тоа искуство.
JO MALONE Wild Bluebell
Не постои цвет кој повеќе потсетува на пролет, како што тоа го прави раниот зумбул, чиј цвет потсетува на сино ѕвонче. Тоа е оној сино-виолетов цвет кој расте без да го посадиме и има опоен мирис. Интересно за овој парфем е што всушност, мирисот е добиен со комбинација на ноти, наместо да се користи екстракт од растението.
ESCENTRIC MOLECULES Molecule 02
Познатите „молекули“ се одлични сами по себе како парфем, но ако сакате нешто позабележливо, ви препорачуваме да одите на Escentric варијантите. А што се однесува на Molecule 02, ова е пријатен дрвенест мирис, но можете да го комбинирате и со кој било од другите парфеми кои ги предложивме во оваа листа, бидејќи нотата ambroxan служи и како „фиксатор“.
Препорачани производи
DIOR Miss Dior Blooming Bouquet EDT
6.880,00 – 7.940,00Price range: 6.880,00 through 7.940,00ISSEY MIYAKE L`Eau D`Issey pour Homme EDT
2.380,00 – 4.470,00Price range: 2.380,00 through 4.470,00МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПАРФЕМИ КОИ СТАНАА ИНТЕРНЕТ ХИТ ВО 2024
Понекогаш е доволно некој парфем да стане хит на интернет и околу него да се создаде hype – возбуда и

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме

ШТО ГИ ПРАВИ ПАРФЕМИТЕ SERGE LUTENS ТОЛКУ ПОСЕБНИ?
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе

КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и

СОЗДАДЕТЕ УНИКАТЕН МИРИС СО ПАРФЕМСКИ СЛОЕВИ
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен

ИЗБИРАЊЕ НА СОВРШЕН ПАРФЕМ ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА: ДЕН, НОЌ, СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛИКИ
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,