ЖЕНСКИ ПАРФЕМИ КОИ МИРИСААТ КАКО СОНЧЕВИ ЗРАЦИ
Кога доаѓа пролет, веќе се подготвуваме за лето, а тоа значи и дека парфемите кои ги користиме веќе заземаат сосема поинаков правец. И додека во зима сме повеќе фокусирани на зачински, амбер и ориентални пудрести парфеми, пролетта ја започнуваме со лесни и цветни мириси.
Но, веќе по само неколку недели од пролетта, почнува да не обзема летното расположение, па сакаме да го чувствуваме оној специфичен мирис на сонце и лосион за сончање. И секако, познатите парфемисти знаат тоа да го изведат речиси совршено, што дури и во најладните денови можете да мирисате како да сте на плажа.
Денеска ќе ви претставиме неколку женски парфеми на таа тема:
JIL SANDER Sun
Овој парфем, верувале или не, постои веќе 32 години. Отворањето е цветно и цитрусно, слатко, млечно, а срцето е вистински букет од ирис, хелиотроп и каранфил. Иако првиот впечаток е дека ова е претежок парфем за лето, иако го носи името на сонцето, всушност, неговата цел е да ве насмее, охрабри и орасположи во ладните зимски и пролетни денови, за да ви даде сила и желба насмеани да го дочекате летото.
MUGLER Womanity
Карактерот на овој парфем е дрвенесто-овошен, со анимални и зелени ноти. Ако се задлабочите во неговите слоеви, знаејќи дека сите Mugler парфеми се комплицирани и тешки да се разберат, ќе ги препознаете сите елементи на летото – мириси на ванила, кокос и листови од смоква. Интересно е што овој проект всушност, бил лансиран како веб-страница каде љубителките на Mugler ги споделувале своите идеи, за да може да се креира овој легендарен мирис.
TOM FORD Eau de Soleil Blanc
Со мирис на кокос, тонка, карадмом, ф’стак и бергамот, се постигнал еден од најавтентичните мириси кои потсетуваат на скап и луксузен лосион за сончање. А токму таков е и овој мирис, скап и луксузен, но апсолутно неодолив.
KENZO Parfum d’Ete 2002
Мирис наменет за да ве потсетува на лето преку целата година. Всушност, најпрво е креиран во 1992 година, а потоа со одредени промени е направено ова реиздание, кое во себе содржи зумбул, јасмин, мошус, божур и момина солза. Во 2005 беше создаден и Kenzo Summer, во ограничени количини, кој ја надополни оригиналната композиција со ноти на мимоза, бадем и амбер. Можеби се сеќавате на него, но веќе не се произведува, но за среќа, Parfum d’Ete 2002 е сосема доволен за да зрачите како сонце.
JENNIFER LOPEZ Miami Glow
Се чини дека 2005 беше златна година на парфемите, бидејќи тогаш се креирани вистински легенди, од кои дел се уште се достапни. Miami Glow е дел од линијата Glow, инспириран од летните ноќи во омилениот град на Џеј Ло. Дури и самата композиција содржи тропски овошја, кокос, цвет од портокал, ванила и мошус.
PACO RABANNE Olympea
Со ноти на јасмин, ѓумбир, мандарина, ванила, сандаловина и сол, навистина ќе се чувствувате како секој ден да е топло летно попладне. Акордот на сол игра навистина голема улога во таквиот ефект. Секако, инспириран е од грчката митска божица со исто име, што веднаш го истакнува морскиот аспект на парфемот. Доколку Olympea не е вашиот избор, но сепак сакате вакви „солени“ парфеми, одлична алтернатива е CK Reveal.
L’ARTISAN PARFUMEUR Batucada
Овој мирис се отвора со зашеќерени лимета и нане, а потоа ве освојува со цветот тиара и иланг-иланг. За да добиете уште повеќе ефекти на лето, море и сончање, креаторот наместо класичната основа на мошус и кашмирни ноти, овојпат употребил акорд на морска вода, сол и кокос.
Препорачани производи
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПАРФЕМИ КОИ СТАНАА ИНТЕРНЕТ ХИТ ВО 2024
Понекогаш е доволно некој парфем да стане хит на интернет и околу него да се создаде hype – возбуда и

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме

ШТО ГИ ПРАВИ ПАРФЕМИТЕ SERGE LUTENS ТОЛКУ ПОСЕБНИ?
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе

КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и

СОЗДАДЕТЕ УНИКАТЕН МИРИС СО ПАРФЕМСКИ СЛОЕВИ
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен

ИЗБИРАЊЕ НА СОВРШЕН ПАРФЕМ ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА: ДЕН, НОЌ, СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛИКИ
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,