ЛЕТНИ ЖЕНСКИ ПАРФЕМИ КОИ МОРА ДА ГИ ИМАТЕ
Потрагата по совршениот летен парфем никогаш не запира. Секогаш имате многу избор, но можете да останете и доследни на вашиот препознатлив стил. Кога зборуваме за летни парфеми, на многумина најчесто прво им текнува на Dolce&Gabbana Light Blue, како вистински класик со мошусно-цитрусен мирис. Иако се работи за преубав парфем, може да стане здодевен или да се презаситите.
За да го одберете идеалниот летен парфем, пред се, треба да сте доследни на личниот вкус, но и да бидете храбри да експериментирате и испробувате нови нешта.
Потрагата не запира тука. За вас имаме листа со одлични парфеми кои се прекрасни, секој на свој начин.
YVES SAINT LAURENT Libre EDT
Ако сте љубител на Libre (а многумина се) и мислите дека EDP варијантата е „претешка“ за лето, добра вест е дека со EDT не можете да погрешите. Познатата композиција на цитруси, лаванда, јасмин и мошус, сега е збогатена и со цвет од портокал и чај од јасмин. Почувствувајте ја слободата, леснотијата и сензуалноста која оваа тоалетна вода ви ја дава. Во исто време ќе се чувствувате и освежено, но и доволно топло. Вреди да му дадете шанса.
CALVIN KLEIN Sheer Beauty EDT
Сосема природен мирис со ноти на бергамот и шампањ, во комбинација со божур и јасмин. Одличен за навистина топли денови и плени со својата леснотија. Секогаш кога го носите, ќе се чувствувате како штотуку да сте се истуширале и да сте облекле свежо испрана облека. Според многумина, може да биде безбеден избор за да го купите како подарок.
ELIZABETH ARDEN Green Tea EDP
Неверојатно свеж, воденест, одлично балансиран меѓу нотите на зелен чај, краставица, лубеница и цитруси. Прилично е едноставен, а токму тоа и се бара од летните парфеми. Толку е свеж, што редовно ќе ве потсетува да пиете доволно вода во текот на летните денови, за да останете хидрирани. Можете да го комбинирате и со други парфеми од Green Tea линијата.
HERMES Concentre d’Orange Verte EDT
Зачински унисекс мирис, во кој доминираат портокалот и босилекот, како главни мирисни ноти. Одличен мирисен избор за сите оние кои сакаат минимализам дури и во нивните парфеми. Според корисниците, се наоѓа на границата меѓу машки и унисекс мириси, но одлично го носат и жените кои сакаат да експериментираат. Оние кои го носат, сметаат дека се работи за навистина реалистичен мирис, во кој можете да ги почувствувате и кората и сокот на портокалот.
JULIETTE HAS A GUN Anyway EDP
Ако сте обожаватели на JHAG колекцијата, веќе знаете дека секој од мирисите може да се носи во секое годишно време. Едноставно, како да се прилагодува и на вас и на временските услови. Сепак, ако избираме, тогаш ви го препорачуваме Anyway – со ноти на лимон, нероли, јасмин, мошус, како и со молекулата ambroxan, која е препознатлива за новиот пристап во креирање мириси.
PRADA Infusion De Fleur d’Oranger EDP
Уште една мирисна инфузија на Prada, која иако беше лимитирано издание, всушност се уште може да се најде во продажба. Уште од самиот почеток ќе ве освои мирисот на цвет од портокал, јасмин, нероли, тубероза и мандарина. Иако се работи за навистина лесен мирис, ќе се чувствувате како да сте обвиени во луксуз.
VERSACE Versense EDT
Преубав зелен, лесен и летен мирис, вистински модерен и потсетува на лето на Медитеранот. Мирисот е природен, органски, енергизирачки и неодолив. Секоја капка ќе придонесе да се чувствувате порасположено. Уживајте во прекрасната комбинација на бергамот, смоква, јасмин, цитруси и кардамом.
Препорачани производи
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПАРФЕМИ КОИ СТАНАА ИНТЕРНЕТ ХИТ ВО 2024
Понекогаш е доволно некој парфем да стане хит на интернет и околу него да се создаде hype – возбуда и

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме

ШТО ГИ ПРАВИ ПАРФЕМИТЕ SERGE LUTENS ТОЛКУ ПОСЕБНИ?
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе

КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и

СОЗДАДЕТЕ УНИКАТЕН МИРИС СО ПАРФЕМСКИ СЛОЕВИ
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен

ИЗБИРАЊЕ НА СОВРШЕН ПАРФЕМ ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА: ДЕН, НОЌ, СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛИКИ
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,