Блог

Почетна » Блог » CHYPRE ПАРФЕМИ: КОИ СЕ ТИЕ И КАКВА Е НИВНАТА ПОВРЗАНОСТ СО КИПАР?

CHYPRE ПАРФЕМИ: КОИ СЕ ТИЕ И КАКВА Е НИВНАТА ПОВРЗАНОСТ СО КИПАР?

Зборот Chypre (се чита Шипр’) на француски јазик е токму името на државата Кипар. Но, во парфемската индустрија се работи за голема олфакторна фамилија која не е фокусирана само на една нота, туку на концепт кој е инспириран од Кипар.

Основата е изработена од бергамот, мов, пачули и лабданум, кои се ноти на парфемот |Chypre Coty, кој датира уште од 1917 и е прв од овој вид – па токму затоа и целата парфемска група го носи ова име. Според легендите, на Кипар е родена и божицата Венера, која е божица на убавината и љубовта. Ако парфемите кои во себе содржат ноти како што ги опишавме ве прават да се чувствувате исклучително убаво, тоа не е случајност.

Chypre Coty во себе содржи цитруси како бергамот, портокал и лимон од Амалфи. Во основата има пачули, мов и мошус, додека во срцевината се кријат ноти на јасмин, ирис, роза и каранфил.

Во денешните композиции можете да го најдете во комбинација со освежувачки ноти, со зелени ноти, овошни, цветни, кожа и дрвенести.

Coty можеби се основоположници на оваа олфакторна фамилија, но во денешно време познатите парфемски куќи веќе успеваат да создадат нови композиции, меѓу кои се:

1. NARCISO RODRIGUEZ For Her EDT

Во оваа композиција, лабданумот и мовта се заменети со силни ноти на пачули, за да се создаде познатата длабочина по која парфемите на Нарцисо Родригез се препознатливи. Иако е класифициран како цветен и дрвенест, не може да се игнорира chypre инспирацијата, обвиткана со мошус, ванила, ветивер и цвет од портокал. Се работи за сензуален и заводлив мирис кој е повеќепати наградуван и кој иако е создаден во 2003, сè уште е хит помеѓу обожавателите на парфеми.

2. DIOR Eau Sauvage

Овој легендарен ароматик датира од 1966 година, но има и понова реинтерпретација од 2017 година. Во оригиналната композиција отворањето е интензивно цитрусно, придружено со босилек и рузмарин, а во средината ве чекаат ноти на сандалово дрво, коријандер, пачули, јасмин и каранфил. Сето ова е изградено врз основа на мов, ветивер, мошус и амбер. Новата интерпретација се отвора со цитрон, бергамот и лаванда, а во срцето има ветивер од Хаити.

3. GUERLAIN Mitsouko

Ретро, интензивен, овошен и зачински. Ова е една од најверните интерпретации на chypre парфеми, која е достапна и денеска. Основата е од мов, зачини, ветивер и цимет, а во средината се нотите на праска, јасмин и иланг-иланг. Отворањето е со цитруси и роза. Композицијата е дело на самиот Жак Герлан, а парфемот е направен за првпат во 1919 година.

4. CHANEL No 19

Во модерната класификација овој мирис е цветно-зелен, поради интензивното зелено отворање, придружено со бергамот и нероли. Во средината ќе сретнете ноти на ирис, момина солза, роза и нарцис, додека пак основата е од дабова мов, ветивер и кожа. Се работи за софистицирана композиција на ноти, која освојува во секој момент од развојот на мирисот. Го носи бројот 19 во името поради датумот на раѓање на Коко Шанел, 19 август. Парфемот се најде на полиците на парфимериите само една година пред смртта на Коко.

5. CLINIQUE Aromatics Elixir

Ова е најстариот парфем на Clinique, класифициран како цветен chypre, со хербални доминантни ноти. Традиционално, во базата ќе најдете дабова мов и пачули, како и ветивер. Мирисот е алдехиден, но во оваа композиција алдехидите не доминираат, туку камилицата, жалфијата, вербената и коријандерот, па затоа отворањето потсетува на мешавина на билни чаеви. Сепак, во прашање е остар, силен и класичен мирис, кој подеднакво можат да го носат и жени и мажи (иако не е рангиран како унисекс).

Препорачани производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor