Почетна » Сите производи » FRENCH AVENUE Azzure Aoud EDP

FRENCH AVENUE Azzure Aoud EDP

(6 рецензии од купувачи)

 2.370,00

Парфимирана вода

Original price was:  2.790,00.Current price is:  2.370,00.

На залиха

✓ 100% Оригинални парфеми
Опис

Мирисни ноти

  • Горни: Passion fruit, Saffron, Rose
  • Средни: Oud, Benzoin, Patchouli
  • Основни: Leather, Amber, Vanilla, Cistus
Дополнителни информации
Бренд

French Avenue

Земја на потекло

Обединети Арапски Емирати

Сезона

Есен/Зима

Тип

Парфимирана вода

Мирисна група

Овошни

,

Кожа

Испорака
Прочитајте внимателно!

ИСПОРАКА

Fragrance.mk ќе го испорача вашиот парфем промотивно насекаде низ Македонија БЕСПЛАТНО за секоја нарачка над 3000 денари. За нарачки под 3000 денари, испораката изнесува 160 денари. Нарачките направени до 14:00 часот, ќе бидат предадени на курирот за испорака истиот ден. Останатите направени по 14:00 часот, ќе бидат предадени на курирот за испорака наредниот ден. Неработни денови се Сабота, Недела и државни празници.

Нарачките се испорачуваат преку ЕЛС Еко Логистик, Ин Пошта Радески или ДХЛ Експрес. Откако вашата нарачка ќе биде преземена од страна на курирот, ќе добиете известување на вашата email адреса со број за следење на пратката.

Времетраењето на испораката е од 1-5 работни дена, во зависност од тоа каде се испорачува пратката. Вообичаено, пратките за Скопје се доставуваат наредниот ден, 1-2 работни дена до поголемите градови и скопските приградски населби и 3-5 работни дена до помалите градови и селата.

Доколку имате потреба од повеќе информации пратете ни email или јавете се на 072/73 33 98.

6 рецензии за FRENCH AVENUE Azzure Aoud EDP

  1. dia.aleksandar

    После Cocoa Morado и Liquid Brun, мораше да се нарача и Azzure Oud … и заклучокот е дека French Avenue повторно погодува и тоа со нуклеарна бомба. Овошно, слатко, дрвенесто со одредени кожни ноти, и дефинитивно егзотичен мирис. Версатилен и моќен, не гледам причина ова да не се користи во било кој ден од годината. Не би рекол дека е safe blind buy, пред се поради дрвенестите ноти. Според Fragrantica 90% клон на Oud Maracuja, па ако некој пробал горе доле знае за каков егзотичен мирис станува збор. Добра трајност и емисија, 6 часа и уште има моќ и трајност.
    French Avenue Azzure Oud 1000/10
    Fragrance.mk 100/10
    Достава 100/10 (доставено за 3 часа)

  2. Daniel

    Токму го купив ова и никогаш не го почувствував мирисот на ОМ. Велат дека ОМ е прејак. Верувајте ми, и ова е прејак!! Никогаш не сум почувствувал мирис на нешто што исполнува 3 соби што се поврзуваат во мојата куќа во која живеам со 3 прскања!!!

  3. Мартин

    Не е парфем за секого, премногу јак, мириса на изгорено дрво/гума. Многу егзотичен. Би се гледал користејќи го ова само зимски на многу ниски температури, нуклеарна перформанса. Не повеќе од 3-4 прскања се сосема доволни. Дефинитивно не е лош парфемот но доста далеку од добар.
    5.5/10

  4. trencevskinikola

    Отворање на ефтин сок од маракуја или оние ефтини сокови со тропикал вкус и мирис. После 10 минути доаѓа кожата и станува интересно и посериозно. Нов бач е, сеуште нема перформанси, да созрее можеби и ќе блендира добро, ама засега е обичен, ама, магијата е во воздухот, во силажот, таму мириса многу подобро отколку од блиску на кожа. Одблиску е скиселен ефтин тропикал сок и зачадена кожа. Кокоа Морадо се претвори во звер за околу 6 месеци, сигурно му треба време и на брат му.

  5. Бојан

    Предобар парфем, премногу јак доволни се две-три прскања максимум и трајност цел ден, бомба во шише, перфектен за зимски температури.. Достава 10/10.

  6. Nasko

    Strasno jak , gushi …

Додај рецензија

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *