ДАЛИ САКАТЕ ПАРФЕМИ КОИ МИРИСААТ НА КОЖА?
Луѓето обожаваат најразлични мириси во секојдневниот живот. Некои уживаат во косена трева, други во мирисот на природата после дожд, некои во аромата на изгорено дрво, занаетчиски работилници, бензин, кожени чанти и јакни…
Многупати и фантазираме за парфеми со некои од тие специфични мириси, но за среќа, со правилна комбинација на ноти, но и со користење на синтетички мирисни молекули, лесно може да се постигне арома која не би можела да се добие со екстракција на природниот материјал. Таков е на пример акордот петрикор, кој потсетува на мокра почва и трева после дожд, или пак, аромата на кожена галантерија (палто, каиш, чевли, чанта, паричник), која може да биде навистина опојна.
Кога веќе зборуваме за кожа, постојат парфеми кои го содржат тој мирис. Секако, невозможно е да се земе кожа и да се направи екстракт, но она што со сигурност го знаеме е дека со мешање на други основни ноти и молекули, може да се добие акорд кој го има тој мирис. Па така, кожата како акорд се добива со комбинирање на ноти од кора од бреза и синтетичи молекули – isoquinoline. Во зависност од комбинирањето, може да се користат и пелин, ирис, пачули, шафран, смрека или алдехиди за да се постигне мирисот на кожа.
Луѓето кои се чувствители на поединечни ноти ќе ги детектираат составните делови од акордот и може и воопшто да не почувствуваат кожа. Но, најчесто може да се добие тој впечаток на кожарска работилница или нова чанта.
Ако ви се допаѓа тој мирис, можете да го пронајдете во следниве парфеми:
MONTALE Aoud Leather
Листата ја започнуваме со унисекс, зачински парфем, кој во својата композиција го содржи акордот на кожа, а е надополнет со шафран, кардамом, бибер и уд (oud). За да се омекне композицијата, додадени се ноти на бергамот.
BENTLEY for Men Intense
Овој парфем е богат со многу зачини и со ноти на рум, а во основата содржи акорд на кожа. Можеби не е доминантен, но ако ѝ дозволите на вашата фантазија да се задлабочи во нотите, лесно ќе почувствувате мека и топла нота на кожа.
PACO RABANNE 1 Million Absolutely Gold
Машки парфем кој е заснован токму на акордите на кожа, збогатен со мирис на мандарина и цвеќе. Ја содржи оригиналната ДНК на 1 Million, и толку е редок, што ако го имате, вие сте навистина среќни.
BURBERRY London for Men
Легендарен мирис, кој покрај кожа, комбинира и тутун, мов, цимет, лаванда и бергамот. Овој парфем е апсолутен хит уште од 2006 година и за среќа, се уште лесно достапен за оние кои го сакаат.
TOM FORD Ombre Leather
Овој парфем е наменет за оние кои сакаат да почувствуваат агресивен и екстремен мирис на кожа, комбиниран со анимални и зачински ноти. Лесно може да го носат и мажи и жени.
GUERLAIN Shalimar
Shalimar комбинира премногу ноти и поради тоа е сосема разбирливо ако воопшто не можете да почувствувате кожа во него. Сепак, таа е таму, во основните ноти, заедно со ванилата, мошусот и сандаловото дрво, за да ја создаде цврстата основа која ја обожаваме кај овој парфем.
LACOSTE Pour Femme
Овој класичен мирис од 2003 година нема истакната нота на кожа, туку на велур (suede), со која имаат слични карактеристики. Кога ќе се навикнете на акордот, лесно ќе ви биде да го забележите и во женските композиции, каде ретко е доминантен.
BOTTEGA VENETA for her
Ова е храбар обид да се вметне чист акорд на кожа во доминантно женски парфем. Со оглед на популарноста, брендот успешно го постигнал тоа, а благодарение на нотите на јасмин, црвен бибер и пачули, секоја дама може со леснотија да го носи овој мирис.
Препорачани производи
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПАРФЕМИ КОИ СТАНАА ИНТЕРНЕТ ХИТ ВО 2024
Понекогаш е доволно некој парфем да стане хит на интернет и околу него да се создаде hype – возбуда и

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме

ШТО ГИ ПРАВИ ПАРФЕМИТЕ SERGE LUTENS ТОЛКУ ПОСЕБНИ?
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе

КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и

СОЗДАДЕТЕ УНИКАТЕН МИРИС СО ПАРФЕМСКИ СЛОЕВИ
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен

ИЗБИРАЊЕ НА СОВРШЕН ПАРФЕМ ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА: ДЕН, НОЌ, СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛИКИ
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,