Блог

Почетна » Блог » СИНТЕТИЧКИ МИРИСИ, МОЛЕКУЛИ, НОТИ КОИ СЕ НЕТИПИЧНИ ЗА ПАРФЕМИ

СИНТЕТИЧКИ МИРИСИ, МОЛЕКУЛИ, НОТИ КОИ СЕ НЕТИПИЧНИ ЗА ПАРФЕМИ

Парфемите сме навикнати да ни мирисаат на цвеќе, на зачини, на одредени видови храна, растенија, смоли, овошја, па дури и зеленчуци. 

Со воведувањето на одредени стандарди за производство, денеска речиси секоја арома е произведена во лабораторија и комбинирана во формулата на парфемот. Но, во последните неколку години среќаваме и парфеми кои се целосно синтетички и користат молекули како Исо-е-супер и амброксан, а најпознати претставници се Escentric Molecules и нивните композиции. 

Но, во парфемската индустрија, една од првите хемиски компоненти кои станаа популарни се алдехидите, а прва асоцијација за нив е токму Chanel No 5.

1. АЛДЕХИДИ

Според хемијата, тие се компонента во повеќе природни елементи. Но, во парфемите се користат за да се постигне одредена длабочина или засилување на одредена арома, да се подобри мирисната проекција, да се омекне композицијата или да се постигне гламурозен ефект на мирисот во целост. Некои ноти во сурова форма се интензивни и непријатни, но алдехидите ги прават сите тие нешта помеки и поприфатливи за нос. 

Познати парфеми со алдехиди: Chanel No 5, Chanel Allure Homme Sport, Dior Dune, Lanvin Arpege и Tom Ford Metallique.

2. ИСО-Е-СУПЕР (ISO E SUPER)

Оваа хемиска молекула ја опишуваат како синтетичко дрво, кое има и арома на мошус и амбер. Хемиското име му е Tetramethyl acetyloctahydronaphthalenes и што е најинтересно, го има во многу модерни парфеми, повеќе од што можете да претпоставите. На пример во Escentric Molecules Molecule 01 има 100% концентрација. Во принцип, е бустер за другите ноти, а сама по себе, оваа молекула има слаткаста и дрвенеста, но неинтензивна арома. 

Познати претставници: Escentric Molecules Escentric 01, Perles de Lalique, Lalique Encre Noire, Juliette Has A Gun Sunny Side Up и Burberry Mr. Burberry Indigo.

3. КАЛИПСОН (CALYPSONE)

Овој синтетички мирис е мирисна молекула создадена од Givaudan (креаторот на Tom Ford Black Orchid EDP). Мириса прозарчно, озонски, како ветер покрај море, со слаб мирис на лубеница, цитрус и на цвеќе. Можете да го сретнете и во машки и во женски мириси. Името на оваа молекула е заштитено како трговска марка на Givaudan. Како парфемска нота го има во релативно нови композиции од последните 2-3 години, но има потенцијал во следните години да стане навистина популарна нота. 

Познати претставници: Kenzo Homme EDT Intense, Azzaro Wild Mint и Avon Exclusive in Black.

4. МАСТИЛО

Ако очекувате дека ќе добиете парфем кој ќе ве врати во училница, кога од молив преминавте на пенкало, тогаш мораме да ве израдуваме дека постојат такви. Секако, ако почувствувате мирис на мастило, тој не е употребен директно, туку се добива со екстракција на мов и други состојки. Најчесто го има во машките и во унисекс парфемите, за да даде мистериозна арома, но и да асоцира на старомодниот начин на комуникација, со писма пишувани со перо и мастило. Почесто ќе го сретнете во ниш-парфеми, отколку во дизајнерски.

Познати претставници: Zoologist Perfumes Squid, Amouage Rose Incense, Comme des Garcons 2 и Carolina Herrera 212 Men Heroes.

5. СОЛ (СОЛЕНИ НОТИ)

И самите знаеме дека натриум хлоридот нема мирис, но може од најобичен оброк да направи специјалитет и тоа во сосема мала количина. Така е и со парфемите на кои им треба засилување на нивниот гурмански профил или каде треба да се нагласи морската длабочина, но и да се истакне некој дрвенест мирис. Интересно е тоа што солта може дури и десертите да ги направи повкусни, а солен карамел или темно чоколадо со неколку зрна морска сол прави вистинска симфонија од вкусови. Буквално истото се случува и со парфемите. Всушност, не можеме да го помирисаме, но нешто асоцира на солен вкус во парфемот. 

Познати претставници: Paco Rabanne Olympea, Calvin Klein Reveal, Bvlgari Aqva Divina, Tom Ford Oud Minerale и Paco Rabanne Invictus Legend.

Препорачани производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor