-
NIKOS Sculpture pour Homme EDT 1.660,00
-
PRADA La Femme L'Eau EDT 3.750,00
-
DIOR Fahrenheit Cologne EDC 5.720,00
-
DIOR Miss Dior EDT 6.870,00
ТОП 5 КЛАСИЧНИ ПРОЛЕТНИ МАШКИ ПАРФЕМИ
На самиот праг од пролетта, време е да го замените и вашиот парфем. Изборот за идеален парфем е подеднакво важен како за жените, така и за мажите. Оставете свој мирисен потпис кој отсекогаш важи за незаменлив бонус кога станува збор за оставање на прв впечаток. Пораката која ја оставате со парфемот е дека водите грижа за себе и дека во секоја ситуација сакате да мирисате убаво.
Иако изборот ни беше тежок додека патуваме низ светот на парфемите, а сакавме да одвоиме само неколку, одлучивме да ви ги предложиме следните 5 “непоразени”, класични машки парфеми совршени за пролет/лето со кои никогаш нема да погрешите.
1. AZZARO Wanted EDT
Дрвенесто-цитрусен мирис чии балансирани состојки го прават брутално моќен и неодолив и важи за мирис на мажите од 80тите.
Azzaro Wanted е за мажи кои се хедонисти, бунтовни, кои ги следат своите инстинкти, го живеат животот како што сакаат и ги менуваат правилата на играта секој ден со цел да го добијат она што го сакаат.
За мажи со целосна самодоверба и свои правила. Овој експлозивен мирис може да се користи и за секојдневни прилики и за вечерни излегувања, секогаш и секаде.
Оценет е како долготраен мирис и не мора да се грижите дали се чувствува се уште и дали има потреба да се нанесе повторно. Совршен за пролет/лето.
2. PACO RABANNE Invictus EDT
Овој сензуален и свеж мирис е неверојатен спој на цитрусни, дрвенести и водести ноти, кој ја отелотворува и слави машката сила. Многу често е споредуван со Wanted од Azzaro.
И самиот назив на мирисот Invictus што на латински значи непобедлив, ја отсликува моќта, динамичноста и енергијата во победничкиот пехар сместени во ова елегантно спортско шише.
Гвајаковото дрво во основните мирисни ноти, свежината на грејпфрут, пикантноста на зачините со металот, и на крај дрвенестите ноти, креираат мирис на победа со игривост и живост сосема пригоден за пролетните и летни денови.
3. DOLCE GABBANA Light Blue pour Homme EDT
Идеален мирис за топлите месеци. Еден од најпрепознатливите имиња во светот на мирисите. Во него е скриен медитерански темперамент- отвореност, страст, самоуверност и по малку таинственост.
Тоалетна вода која дава огромна свежина со големото количество на цитрусни ноти кои го содржи на почетокот, а траат со часови. Приказна за радоста на животот и заведувањето.
Суштината на сончев летен ден скоцкана во овој свеж, цитрусно-дрвенест мирис кој предизвикува сензуалност, лежерност, стил и урбан шарм давајќи потполна самодоверба. Нема да погрешите во изборот.
4. ARMANI Acqua di Gio Absolu EDP
Еден од најпродаваните и најпопуларните мириси во САД. Софистициран спој на дрвенести ноти и воденест потпис.
Совршена рамнотежа на топол и сензуален пресврт, не премногу зачинет, не премногу остар, а сепак балансира помеѓу чистиот мирис на свежа вода и топлината од дрвенестите ноти.
Долготраен машки мирис во кој преовладува пачули.
5. Dior Sauvage EDT
Опишан како чудовиште од комплименти, кој иако е доста популарен последниве неколку години, сепак мора да признаеме дека мириса неверојатно и чисто, па затоа и е доста обожуван.
Мирис кој трае и по цели денови, погоден за секакви прилики, весел, мистериозен и сензуален. Нотите на калабриски бергамот додаваат зачинети композиции за целост и сензуалност, а морското оревче е обвиткано во чадени акценти на Ванила Абсолут го прави толку моќен и магнет за комплименти.
Мирис кој никогаш не здосадува.
Се надеваме ви помогнавме во изборот, ве чекаме со ваша рецензија и предлог за следен прилог.