Блог

Почетна » Блог » ЖЕНСКИ ПРОЛЕТНИ ПАРФЕМИ

ЖЕНСКИ ПРОЛЕТНИ ПАРФЕМИ

Пролетта не само што ни е омилена на нас, конзумерите, туку е и омилена и на парфимерите и производителите на парфеми. Сезона во која многу убави цвеќиња, билки и растенија ќе процветаат и донесат пријатна и совршена арома на мирисни ноти, кои удобно ќе се сместат во различни дизајнерски брендови, бои и форми, па заедно ќе  ја прославиме пролетната енергија, со мириси кои ќе го подигнат нашиот дух.

Има толку многу убави пролетни мириси, а и толку многу нови – подготвени да  внесат убави вибрации и расположение во новата сезона. Овој пат ќе споделиме мала листа на женски пролетни мириси, кои задолжително треба да ги пробате 🙂

1. DIOR Miss Dior EDP

Miss Dior Eau de Parfum- амблем на женственоста, химна за љубовта. Волшебна мешавина од два вида на ружи, со нијанса на цитрус, листови од јасмин, пачули и зачинесто дрвенести егзотични ноти, кој го опишуваат мирисот со еден збор- раскош. Сладок, екстремно женски и супер секси мирис, со кој дефинитивно добивате комплименти.

2. JIMMY CHOO I Want Choo EDP

Jimmy Choo I Want Choo Eau de Parfum- Интензивен, цветно ориентален мирис, кој комбинира радост, елеганција, самодоверба и гламур. Создаден како совршен додаток за сè што е секоја Jimmy Choo модерна и гламурозна жена.

Нотите на кадифена праска и ванила во комбинација со јасмин, мандарина и црвен крин даваат чувство на самоувереност која веднаш заведува и освојува.

3. KILIAN Good Girl Gone Bad

Kilian Good Girl Gone Bad- брутално долготраен, богат, интимен мирис со незаборавно овошно цветна арома, создадена да привлече внимание и да ве освои веднаш.  Раскошно цветен виор во градината на доброто и злото, отвора со мирисот на цвет од туниски портокал, турска и мароканска ружа, египетски јасмин и тубероза, за на крај да направи експлозија на сетилата со воденести ноти  и мошус.

4. BURBERRY Brit Rhythm for Her EDT

Burberry Brit Rhythm for Her- уникатен и модерен мирис во чија композиција главен акцент има англиската лаванда. Пролетен, сензуален, со пудрасти шмек. Мирис со зачински состојки и цветни ноти од петалиа, нероли, лист од капини, корен од ирис, цвет од портокал, мошус, ветивер и дрвенести и килибарни долни ноти.

Секојдневен, автентичен, нежен, женствен, долготраен, софистициран и љубовен- за сите вас кои сакате да доминира мирисот на лаванда.

5. CHANEL Chance EDT

“Едноставноста е клучот на вистинската елеганција” – и токму тоа го постигна Chanel со својата палета на парфеми, особено со Chance EDT.

Елегантен и луксузен мирис, нетипично сладуњав. Мирис кој отвора со свежи, зачинети, малку слатки, овошни и цитрусно лути ноти кои го прават толку привлечен и classy. Содржи јасмин и ирис во срцевината кои се истакнуваат, пачули, ветивер и мошус кои додаваат неодолива сензуалност на мирисот.

Прилично богат и разноврстен мирис соодветен за секаква пригода.

Просторот за пишување ни е ограничен, а списокот на женски пролетни парфеми ни е неограничен. Ви претставивме само 5, а би ги додале и Guerlain Mon, Lancome La Vie Est Belle Eau de Parfum, Versace Bright Crystal, Tom Ford Tubereuse nue Eau de Parfum, Chanel No5 L’Eau de Toilette, Prada Candy, Miss Dior Rose N’Roses , YSL Black Opium…. Продолжете го списокот 🙂

Препорачани производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor