Блог

Почетна » Блог » ШТО ГИ ПРАВИ ПАРФЕМИТЕ SERGE LUTENS ТОЛКУ ПОСЕБНИ?

ШТО ГИ ПРАВИ ПАРФЕМИТЕ SERGE LUTENS ТОЛКУ ПОСЕБНИ?

Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе го започнувате овој пат, неизбежно е да откривате брендови кои не се толку комерцијални и кои им се познати само на вистинските љубители на парфеми. 

Една од нашите мисии е да ги приближиме и овие брендови до вас. А за денес тоа нека биде Serge Lutens. 

Serge Lutens (Серж Лутан) е познато име во светот на модата и парфемите. Претходно креирал мириси за различни брендови, а некаде во раните 2000ти започнува со своја линија, а дел од овие совршени композиции можете да најдете и во нашата понуда. 

Но, што ги прави овие парфеми толку посебни?

Несекојдневни композиции

Ако нешто е типично за парфемите Serge Lutens е што композициите ги надминуваат границите на она што е секојдневно и вообичаено. Со помош на ноти како кожа, мед и зачини креира уникатни композиции кои на прв поглед изгледаат предизвикувачки за носење. Но, секој кој пробал барем еден парфем од овој парфем, знае дека веќе нема назад – едноставно е прелесно да се поврзете со Serge Lutens и идејата за предизвикување на сопствените лимити.

Креативната слобода

Со оглед дека се работи за познат niche бренд, тоа значи и дека креаторот има поголема креативна слобода во комбинирање на состојки. Во принцип, се експериментира со ретки материјали во нивната сирова форма, за да може да се направи јасна граница меѓу niche креативноста и комерцијалната ограниченост. И навистина, кој би помислил дека комбинацијата на ноти како тутун и сено со мед и ирис би била толку совршена, како што е Chergui?

Олфакторни приказни

Раскажувањето цела приказна преку мирис е типична за овој бренд. Самите имиња како La Fille de Berlin или Ambre Sultan кажуваат многу повеќе отколку само обичен опис на ноти и мириси. Наместо набројување ноти, добивате опис на места и времиња кои автентично ја доловуваат композицијата на парфемот и веќе знаете што да очекувате.

Минималистичка презентација

Кога ќе ги погледнете дизајните на шишенцата, единствено можете да видите ефективен минимализам. Нема ништо што издвојува, ниту пак некои екстремни дизајни во форма на усни, штикли, торза… Напротив, најголемиот дел од шишенцата се обични, правоаголни, со конзистентен фонт на етикетата. Некои линии од брендот наликуваат и на стаклено ѕвоно, а поновите дизајни се елегантни, тенки и високи. А сепак, толку ефективно и лесно да привлече внимание… тоа е уметноста на Serge Lutens. 

Луксузно искуство

Да имате парфем со потпис на Serge Lutens е повеќе од обично парфемско искуство – тоа е вистински луксуз. Секоја капка од парфемите е толку бесценета, што ви предизвикува и воодушевување и стравопочит. Уникатните композиции и квалитетните состојки се исто видливи во прекрасниот Un Bois Vanille кој лесно можете да го најдете во нашата понуда. 

Зарем ви требаат повеќе причини за да ја збогатите вашата колекција со нов парфем од брендот Serge Lutens?

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor