МАГИЈАТА НА ПАРФЕМИТЕ СО ЈАСМИН
Јасминот има многу опоен мирис, инспиративен е, цветот е нежен, а аромата е забележлива каде и да се појавите. На многумина им е омилена парфемска нота, но има и такви кои не можат да го поднесат.
За среќа, во денешно време точно можеме да ги најдеме листите со парфемски ноти и да ги избегнуваме оние кои не ги сакаме или пак, да се фокусираме на омилените комбинации.
Кога сме кај јасминот, основната варијанта, односно препознатливиот мирис, е оној кој потекнува од Индија, но има и над 200 други подваријанти, секоја со различни олфактивни карактеристики. Во Индија најмногу се одгледува во градот Газимпур, додека во Европа во Грас, Франција.
Всушност, jasmin de Grass е токму оној кој е искористен за да се направи екстрактот Chanel No 5. Други популарни видови јасмин во парфемската индустрија се Jasminum grandiflorum кој има по малку тропски мирис, и вториот е Jasminum sambac, кој е потежок и помрачен.
Есенцијата од јасмин се добива на многу комплициран начин, со внимателно берење, премачкување со масти, дестилација и разредување со соодветна количина на алкохол. Секако, постојат и синтетички варијанти на овој мирис, соодветно на законските норми и заштитата на природниот јасмин.
Во денешно време оваа билка се одгледува и во Италија, Франција, Шпанија, Мароко, Алжир, Индија, Кина, па дури и Јапонија.
Во парфемите дава слатка цветна нота, понекогаш мириса зелено, меко, богато, може да потсетува и на мошус и на тубероза, да дава егзотичен тон на парфемот, да го прави сензуален и заводлив или пак, да предизвика стравопочит, доколку најмногу се истакнати анималните аспекти на нотата.
И секако, препораките ќе ги започнеме со вистинскиот крал на парфемите со јасмин:
MUGLER Alien EDP
Дали ви се верува дека ваков комплексен парфем всушност има само три ноти во својата композиција? Секако, главниот играч е индискиот јасмин, кој доминира во текот на целиот развој. Основата е од амбер, а средината дрвенести ноти. Сето тоа заедно го креира еден од најзаводливите парфеми на сите времиња, вистинска бомба од јасмин, која на некои корисници им е навистина премногу.
EDT верзијата е омекната варијанта, но има и други фланкери, меѓу кои и Essence Absolue, Fusion, Eau Sublime, Goddess, Flora Futura, Extraordinaire, Mirage и уште неколку други и сите се во основа јасмин, со придружни ноти, кои прават или потешка или полесна верзија на оригиналната креација.
ARMANI Acqua di Gioia EDP
Јасминот во оваа композиција нема главна улога, но сепак одлично ги надополнува нотите на лимон, ментол, дрво и шеќер. Ова е свеж и зачински ароматичен парфем, кој потсетува на чиста вода и на места каде нашите тело и душа повторно се во баланс. Инспирација за креацијата биле морските ароми, слободата и хармонијата со природата.
VAN CLEEF & ARPELS California Reverie
Цветен мирис, во кој јасминот е искомбиниран со нероли и мандарина, како и со пчелин восок и ванила. Она што сигурно ќе го добиете со овој парфем е потентен мирис, кој покрај цветното отворање е проследен и со слаткост, која го прави неодолив. Се работи за унисекс креација, што значи дека ова е добар избор и мажите да пробаат јасмин, кој инаку е позастапен во женските парфеми.
CHANEL Chance EDT
Јасминот го има во толку многу парфеми на Шанел, па ни Chance не е исклучок. Chance и неговите фланкери се единствени од цела линија на Шанел кои доаѓаат во округло шишенце.
EDP верзијата има зачинско отворање на црвен бибер, а во средината воодушевувачка комбинација на јасмин и ирис, а сето тоа проследено со ноти на пачули, мошус и ванила.
CHLOE Nomade EDT
Уште еден парфем каде јасминот нема главна улога, но секако ја прави целата композиција комплетна и добро исполирана. Тука во отворањето ќе ве дочека мирисот на сливата со име „мирабела“ и цитрусните ноти, додека пак јасминот се наоѓа во срцето на парфемот, заедно со фрезија, праска и роза. И секако, основата е со неизбежните пачули, мошус, сандаловина и мов.
Препорачани производи
ELIZABETH ARDEN 5th Avenue EDP
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПАРФЕМИ КОИ СТАНАА ИНТЕРНЕТ ХИТ ВО 2024
Понекогаш е доволно некој парфем да стане хит на интернет и околу него да се создаде hype – возбуда и

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме

ШТО ГИ ПРАВИ ПАРФЕМИТЕ SERGE LUTENS ТОЛКУ ПОСЕБНИ?
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе

КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и

СОЗДАДЕТЕ УНИКАТЕН МИРИС СО ПАРФЕМСКИ СЛОЕВИ
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен

ИЗБИРАЊЕ НА СОВРШЕН ПАРФЕМ ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА: ДЕН, НОЌ, СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛИКИ
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,