Блог

Почетна » Блог » ПАРФЕМИ КОИ БИ ГИ ИЗЕЛЕ: КОИ МИРИСИ СЕ ГУРМАНСКИ И ЗОШТО СЕ ТОЛКУ ПОПУЛАРНИ?

ПАРФЕМИ КОИ БИ ГИ ИЗЕЛЕ: КОИ МИРИСИ СЕ ГУРМАНСКИ И ЗОШТО СЕ ТОЛКУ ПОПУЛАРНИ?

Сигурно и самите сте помирисале некој парфем кој ве потсетил на утринската шолја кафе, колачи со путер, пралини, какао и чоколадо, некој пијалак или јаткасти плодови. 

Не фантазирате, бидејќи една од најпопуларните парфемски групи се токму гурманските, односно оние кои во вас будат асоцијација за нешто вкусно. Најчесто, тие се поврзани со десерти, иако во некои похрабри niche композиции можете да најдете и други акорди. 

Со помош на комбинација на ноти, но и на синтетички мириси, се добиваат композиции кои најчесто содржат ванила, во варијации со овошје или со ноти случни на карамел, крем, зачини, локум… 

Еден од првите парфеми кој е направен да биде гурмански е Mugler Angel, a како таков се смета и Dior Addict. За нив може да се каже дека се олфакторни десерти, поради слаткоста со која располагаат. Денеска ги има речиси секаде, во секоја колекција на познатите брендови. 

За вас ги издвоивме неколку од најпопуларните:

1. MUGLER Angel

Го спомнавме прв, па малку ќе позборуваме и за него. Препознатливата сина ѕвезда во себе крие композиција составена од зачини, ванила, мед, карамел и пачули. Ова е уште еден од мирисите кој или многу го сакате или не сакате да го помирисате. Отворањето е како розова шеќерна волна, придружено со кокос, диња и ананас. Основата е од пачули со чоколадо и карамел, додека пак во средните ноти доминира медот, комбиниран со овошја како рибизла, капина, слива, кајсија и праска. Секако, ви препорачуваме да ја испробате и модерната верзија, Mugler Angel Muse, кој држи до гурманскиот идентитет, но е направен да биде поприфатлив за младите генерации.

2. MONTALE Intense Cafe

Унисекс композиција која навистина ќе ве потсети на онаа шолја кафе која ја пиете наутро, за полесно да се разбудите. Иако на самото отворање ќе почувствувате цветни ноти, во средината на парфемот ве дочекуваат кафето и розите, а сето тоа е заокружено со ноти на мошус и ванила – исто како кога ќе додадете млеко и шлаг во вашето кафе. Не очекувајте силно еспресо, туку навистина гурмански специјалитет од кафе.

3. MUGLER A*Men

Ова е практично машката верзија на Angel, која ја следи основата на легендата која излезе неколку години претходно. Во основата е кафе со пачули и ванила, а во срцето има мед, карамел и млеко. Сето тоа е надополнето со типичното fougere отворање од лаванда, бергамот, коријандер и нане. Тие ноти најпрви исчезнуваат, правејќи го остатокот од композицијата вистински машки гурмански претставник на оваа категорија парфеми.

4. XERJOFF Casamorati Lira

Lira е дел од линијата Casamorati на италијанскиот бренд Xerjoff. Се работи за вистински niche гурмански парфем, кој во најгорните ноти има црвен портокал, бергамот и лаванда. Потоа, до израз доаѓа основата од карамел и ванила, додека во средината има ноти на цимет, ликорис и јасмин. Целосен впечаток е дека потсетува на кремаст колач со лимон, кој во исто време е и сладок и освежувачки.

5. ARIANA GRANDE Sweet Like Candy

Овој парфем е дел од celebrity колекцијата која го носи потписот на младата музичка ѕвезда. Отворањето на парфемот е овошно, со капина, круша и бергамот. Основата е кашмир и ванила, додека вистинскиот десерт се наоѓа скриен во средните ноти на парфемот – шлаг пена, манчмалоу, црна рибизла и јасмин. Овој парфем е идеален подарок за девојчињата кои се фанови на Аријана Гранде, но и за сите кои сакаат гурмански слатки парфеми по пристапна цена.

Препорачани производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor