СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме
Летото е период кога можеме да одмориме од гурманските и ориенталните парфеми и малку повеќе да се фокусираме на лесните ноти и освежувачките мириси.
Секако, носењето „тежок“ парфем во лето може да биде огромен предизвик, дури и за оние кои имаат препознатлив таканаречен „signature“ од кој никогаш не се делат. Има парфеми кои се погодни за сите годишни времиња, но има и такви кои може да ви предизвикаат сериозна главоболка кога надвор е веќе над 30 степени.
Некои луѓе преферираат воопшто да не носат парфем кога е толку топло, но други избираат сепак да држат до себе и да мирисаат прекрасно.
Ако сте од оние кои не можат без парфем, а ви треба нешто што е соодветно за лето, следете ги нашите совети за избор за машки парфем:
Овој бренд нуди мириси кои се направени да потсетуваат на италијанско лето. Иако во принцип, најголемиот дел се унисекс креации, момците секогаш можат да играат на сигурно со оваа идеална композиција со кардамом, јасмин, мошус, рузмарин и мандарина, како и цитрусниот газиран пијалак киното (chinotto) кој е типичен за Италија.
Но, можете да одберете кој и да е друг парфем од линијата Blu Mediterraneo на Acqua di Parma – сигурно нема да погрешите.
Миксот на ирис и кедрово дрво создава неповторливо разладувачка композиција, која сигурно ќе ви стане омилена. Комбинацијата со нероли од Тунис го прави овој парфем одличен за топлите летни денови. Се работи за унисекс парфем, а кога еднаш ќе го потрошите, сигурно ќе посакате да обезбедите доволно резерва за следното лето.
Парфемскиот нос Жак Кавајер создаде акорд на морски амбер, кој е искористен токму во овој парфем, за да потсетува на длабочината на океанот. Но, парфемот е збогатен и со ноти на јаболко, ветивер, пачули и сандалово дрво, придружен со цитрусни ноти и жалфија.
Можеби ќе ве потсети и на други „сини“ парфеми како Versace Dylan Blue или D&G Light Blue Intense for Him, но колку повеќе го носите, со сигурност ќе ги забележите уникатните разлики.
Линијата In2U е можеби една од најдобрите за лето – и за мажи и за жени. Во креирањето на машкиот мирис учествувале дури четири парфемисти, за да го добијат она што е дефиниција на летен машки парфем за сите генерации. Во отворањето ќе почувствувате мирис на лимон и лист од домат, а базата е од кедрово дрво, мошус и ветивер. Тајната на овој мирис е срцевината од сирово какао, која го прави впечатлив и навистина траен. Ако го имате In2U Men, добивате прекрасен летен парфем со најдобар соодност на цена, количина и квалитет.
Композиција од 2021 година, интерпретација на Hermes за тоа како треба да мириса секој модерен маж – минерално, ароматично, со доза на метални ноти. Одличен избор за топлите пролетни и летни денови. Едноставноста, но ефективноста е токму она што е карактеристично за главната парфимеристка на Hermes, Кристин Нажел. Овој парфем нема типична пирамида на ноти, туку е составен од линеарна композиција со жалфија, нарцис, дрвенести ноти и молекулата sclarene – која е одговорна за металниот впечаток кој го има H24.
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,
Ако за оваа зима барате луксуз и уникатен мирис, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурно веќе знаете дека постојат