Блог

Почетна » Блог » ЖЕНСКИ ПАРФЕМСКИ КЛАСИЦИ НА МОДЕРНОТО ВРЕМЕ

ЖЕНСКИ ПАРФЕМСКИ КЛАСИЦИ НА МОДЕРНОТО ВРЕМЕ

Кога зборуваме за парфемски класици, секогаш први што ни паѓаат на памет се Chanel No5 или Guerlain Shalimar, како и други мириси кои се задржаа на полиците во парфимериите со децении. Секако, тука вреди да се спомнат Cacharel Eden, Lancome Tresor, Paloma Picasso Paloma, Guerlain L’Heure Bleue, но и Mugler Angel, D&G Light Blue, Elizabeth Arden 5th Avenue… Секој би можел да ги наброи и Cacharel LouLou, Nina Ricci L’Air Du Temps, Dior Poison, CK Obsession и многу други кои вредат. Некои од нив се произведуваат и денес, секако, реформулирани соодветно на стандардите за производство. 

Некои класици веќе не се достапни, на пример Vivienne Westwood Boudoir, како и креациите на Jean Patou, кои од минатата година се укинати како линија и на она што е останато веќе нагло му расте цената. Некои пак, ги има само во ограничени количини бидејќи не се произведуваат масовно, за да се задржи делумно нивната ексклузивност.

Модерните времиња бараат и поинакви креации. Во денешно време алдехидите веќе не се доминантен мирис, туку придружна нота. Се експериментира повеќе од порано и се креираат мириси кои можеме да ги сакаме и да ги мразиме, но кои веќе стекнуваат статуси на класици меѓу парфемите. Денеска ќе зборуваме токму за нив и ќе наведеме неколку за кои веќе е сигурно дека ќе го имаат овој статус во иднина:

1. ARMANI Si

Со Кејт Бланшет како заштитно лице, Si беше лансиран во 2013 година, со популарната Кристине Нагел како парфемски нос зад композицијата. Во отворањето ќе почувствувате касис, односно листови од црна рибизла, а во текот на развојот ќе уживате во нотите на мајска роза, фрезија, ванила и пачули. Парфемот е навистина популарен, а подоцна доби и повеќе верзии, меѓу кои и Intense, Intense 2021, Passione, Fiori, Rose Signature и уште неколку други.

2. TOM FORD Black Orchid

Ако сакате да знаете како на едно место мирисаат чоколадото, тартуфите, орхидејата, мошусот, ветиверот, зачините, цитрусите и јасминот, тогаш задолжително пробајте го Black Orchid. Првпат на пазарот се појави во 2006 година, инспириран од црната орхидеја, која е навистина ретка, мистериозна и заводлива. Со право овој парфем станува култен меѓу љубителите на парфеми.

3. NARCISO RODRIGUEZ Narciso

Во 2014, Narciso Rodriguez одлучуваат да направат сосема нов пристап во нивните препознатливи мошусни креации. Така настануваат познатите „коцки“. Прв е Narciso EDP, кој е спакуван во минималистички дизајнирано шишенце, но во себе крие сензуална олфакторна креација, која потсетува на сексапил и ненападна, но забележлива женственост. Вреди да се пробаат и Poudree, Rouge и Ambree, но која „коцка“ и да ја имате, веќе имате парче класика во вашата колекција.

4. GIVENCHY Ange ou Demon

Слатка ванила, мистериозност, мекост, она е тоа што ги открива и ангелскиот и ѓаволскиот аспект на овој мирис. Живанши во 2006 лансираа парфем кој привлекува, заведува, но и кој предизвикува стравопочит. До толку застрашува, што во некои земји низ светот се вика дури Ange ou Etrange, иако се работи за истиот мирис.

5. JEAN PAUL GAULTIER Scandal

За оние кои ја сакаат благоста на медот, длабочината на пачулито и гурманските ароми на карамелот, ова е вистински избор. Дизајнерите на JPG за момент се откажаа од торзото, па се посветија на нозете. Овој парфем руши клишеа, елегантен е, модерен и моќен. Има и верни обожаватели и дежурни „хејтери“, но добро се носи со своите претходници од познатите линии на Gaultier, иако само четири години е на пазарот.

6. CAROLINA HERRERA Good Girl

Ништо без култната „штикла“. Многумина ќе речат дека овој парфем привлекува повеќе внимание со дизајнот на шишенцето, наместо со мирисот, а веројатно и ќе бидат во право. Сепак, „штиклата“ си има свои постојани обожаватели, кои никогаш не би се откажале од нејзината женственост и доминантност.

7. LANCOME La Vie est Belle

Дури 5000 пробни верзии биле направени во лабораториите на Lancome додека да се добие она што денеска е познато како La Vie Est Belle EDP, чие заштитно лице е Џулија Робертс. Топол, чоколаден, гурмански, пудрест, според обожавателите, ова е среќа во шишенце. Шишенцето е класичен дизајн на Lancome од 1949, што е доказ дека не се потребни екстремни дизајни за некој парфем да биде успешен и за помалку од деценија да стане класик.

Препорачани производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor