Блог

Почетна » Блог » СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО

Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме дека во својата понуда имаат и уникатни, луксузни и егзотични мириси кои ја доловуваат автентичноста на Блискиот Исток. 

Секако, не можеме да одречеме дека првично станаа познати по квалитетните парфеми кои се инспирирани од други познати изданија. Сепак, мора да признаеме дека го искористија моментот да изградат препознатлива приказна и притоа да произведуваат парфеми од квалитетни состојки кои се достапни речиси за секој буџет. 

Lattafa е еден од најпродаваните брендови на fragrance.mk и сигурно за тоа постои голема причина. Она што ние сме го забележале досега е:

  • Автентичност и препознатливост преку традиционалните состојки како уд и роза во композициите
  • Квалитетни состојки благодарение на кои парфемите се долготрајни и комплексни
  • Уникатни блендови како резултат на експериментирање со најразлични ноти и состојки
  • Луксузна презентација со големо внимание на детали, која исто ја доловува уметноста од Блискиот Исток
  • Достапност за сите, бидејќи Lattafa имаат мисија да докажат дека квалитетните парфеми не се резервирани само за оние со длабок џеб

А што можете вие да очекувате од најпопуларните парфеми?

  • Yara – Парфем наменет за најмладите девојки кои можат во него да уживаат во секое годишно време. Долготраен мирис со ноти на овошен десерт, ванила, орхидеја и мошус.
  • Khamrah – Важи за парфем инспириран од Kilian Angel’s Share поради присуството на амбер и зачини. Сепак, оние кои ги споредиле двата велат дека и покрај сличностите, сепак и двата парфема имаат свои уникатни карактеристики.
  • Khamrah Qahwa – Реинтерпретација на класичниот Khamrah, но со додадени ноти на кафе. Одличен за оние кои во целата таа слаткост на ноти сакаат да почувствуваат и острина која доаѓа токму од горчливоста на кафето. 
  • Ana Abiyedh – Популарно издание на Lattafa кое во суштина е чист и мошусен мирис со цитрусни ноти. Велат дека потсетува на популарните Kirke и Erba Pura, но со свој автентичен шарм типичен за арапската парфимерија. 
  • Fakhar Rose – Цветен парфем со ноти на овошје, тубероза, јасмин, гарденија и роза. Потсетува на комбинација на L’Interdit и My Way, токму поради присуството на тубероза и јасмин. 
  • Qaed Al Fursan – Парфем кој во основата содржи дрвенести ноти и амбер, а се отвора со ананас и шафран. Парфемот е инспириран од повеќе популарни изданија како Paco Rabanne Black XS, Nishane Hacivat, а некои дури и го споредуваат со популарниот Bacarrat Rouge 540.

Се чини дека секој парфем кој ќе излезе од оваа парфемска куќа веднаш добива огромна популарност и побарувачка. А знаејќи ги фактите кои веќе ги спомнавме, јасно е дека секој би сакал квалитетен парфем по пристојна цена, кој нуди луксузно искуство, што е и суштината на самиот бренд.

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor