ШТО Е АМБЕР (АМБРА) ВО ПАРФЕМСКАТА ИНДУСТРИЈА И КАКО СЕ ДОБИВА?
Амберот или некаде можете да го прочитате и како амбра, во буквален превод би бил ќилибар, односно скаменетата смола која се користи за изработка на разни видови накит. Но, ако некогаш сте дошле во допир со ќилибар знаете дека тој кога е во цврста состојба нема мирис.
Во парфемската индустрија амберот често го гледаме како нота во состојките, но вистината е дека се работи за мирисен акорд кој се добива со комбинација на други ноти и состојки. Всушност, дури ни смолата во природата не мириса така како што сме навикнати да чувствуваме во амбер парфемите.
Со мешање на природни или синтетички форми на ароми на ванила, пачули, лабданум и различни видови смоли и балсами, се добива оној акорд кој ни е познат како амбер и кој го има во ориенталните парфеми, пудрестите, гурманските, оние кои ги знаеме како потешки, поинтензивни, но и изразено елегантни и допадливи.
ДАЛИ Е ИСТО СО АМБЕРГРИС И АМБРОКСАН?
Постои и амбергрис (сив амбер) и тој има природно потекло. Амбергрис всушност е состојка чие потекло не е баш допадливо, со оглед на тоа што се работи за излачување од китови. Кога ќе проголтаат нешто што не можат да сварат, телото формира заштитен слој од слуз, а во даден момент китот го исфрла тоа од себе (на еден или друг начин) и амбергрисот плови по површината на водата. Парфемските производители користат тинктури и екстракти добиени со обработка на овие грутки.
Амброксанот е синтетичката форма која го имитира амбергрисот и е произведена во лабораторија.
Секако, со оглед на тоа што наша денешна тема се парфеми со амбер, ова се нашите препораки:
1. PRADA AMBER For Her
Ова е парфем кој постои уште од 2004 и е повеќепати наградуван како еден од најдобрите женски мириси. Најпрво бил достапен само во бутиците на брендот, но подоцна и за комерцијална продажба. Уште на самиот почеток се чувствува доминацијата на амберот, кој во отворањето е збогатен со цитруси и зелени ноти, во средните ноти има каранфил, јасмин, мед и рози, додека основата на амберот е опкружена со пачули, смола, сандалово дрво, мов, ванила и мошус.
2. PRADA AMBER Pour Homme
Машката варијанта се појави две години по женската. Во прашање е зачински, дрвенест и ароматичен амбер, во изведба која освојува и по 15 години од првото појавување. Се отвора со нероли и цитруси, како и ноти на кардамом, а во текот на развојот можеме да почувствуваме и мошус и ветивер. Основата на парфемот е солидна база од шафран, лабданум, кожа, пачули и тонка зрна.
3. HERMES L’Ambre des Merveilles
Ова е уште една прекрасна и легендарна изведба на унисекс амбер композиција, спакувана во едно од најубавите шишенца во парфемскиот свет. Течноста внатре всушност е она што го имаат како основа сите амбер парфеми – препознатливиот акорд, но уште поинтензивен, благодарение на дообработката со повеќе ванила, пачули и лабданум. Можете да го користите во навистина ладни денови, бидејќи ќе ве стопли со својата нежност, слаткост и зачинските ноти кои го прават жив и игрив.
4. KARL LAGERFELD Bois d’Ambre
Многу едноставна, но и ефективна композиција на мирис за мажи. Се работи за нов парфем, од 2021 година, под брендот Карл Лагерфелд. Основата на мирисот е токму акордот амбер, кој во отворањето има бергамот, додека пак во средните ноти доминира жалфијата.
5. BENTLEY for Men Intense
Ова е еден од најдобрите машки парфеми кои можете да ги добиете по доста ниска цена, споредено со количината и квалитетот. Иако нема чист акорд во својата композиција, комбинацијата на нотите го прави вистински претставник на амбер парфемите. На отворањето ќе почувствувате бибер, бергамот и ловоров лист, додека основата е од кожа, пачули и дрвенести ноти. Но, она што го прави прекрасен е срцевината со рум, цимет и жалфија, дополнети со гераниум и дрвенести ноти.
Препорачани производи
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
17
Дек
EROS VERSACE EDP, EDT ИЛИ PARFUM: ШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ?
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Понекогаш е навистина збунувачки да се следат различните изданија на ист парфем. Речиси секој комерцијален парфем има таканаречени флан...
14
Ное
ARMAF И НИВНАТА ПОПУЛАРНОСТ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
За парфемите на Armaf може да се зборува со денови и секогаш да имаме нешто повеќе да кажеме. Имено, се работи за арапски парфемски бре...
02
Ное
ЗОШТО ПАРФЕМИТЕ НÈ ВРАЌААТ НАЗАД ВО СПОМЕНИТЕ?
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Сигурно и самите сте забележале дека кога ќе почувствувате некој мирис кој ви е познат, наеднаш како да сте во друго време, други места...
06
Сеп
ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО СЕ “СИНИ МИРИСИ” (BLUE SCENTS)?
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Кога пребарувате парфеми, често можете да се сретнете со поимот „blue scents“, а уште почесто тие се спакувани во сини шишенца и кутии....
22
Авг
ЛЕТНИ ПАРФЕМСКИ НОТИ И НИВНИТЕ КОМБИНАЦИИ
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Ова лето веќе зборувавме за парфеми кои потсетуваат на сончеви зраци. Но, она што овојпат нè интересираше е кои ноти го даваат тој ефек...
Отвори повеќе
Loading...