
КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и
Сигурно и самите сте забележале дека кога ќе почувствувате некој мирис кој ви е познат, наеднаш како да сте во друго време, други места, а во вас има различни емоции. Мирисот дава контекст, прецизност, простор, дава чувства и буди спомени.
Ова чувство не е секогаш тесно поврзано со парфемите, туку со мирисните сеќавања кои се некаде длабоко во нас. Всушност, постојат и научно издржани истражувања спорд кои нервите во нашиот олфакторен кортекс ги поврзуваат мирисите со одредени времиња, места, па дури и со луѓе.
Потсетете се и самите. Колку пати некој парфем ве потсетил на вашата другарка? Или мирисот на одреден вид храна на вашата баба? Или пак, кога ќе заминете на одмор, ги „отклучувате“ минатогодишните спомени и се чувствувате како воопшто да не сте си заминале од таму?
Мирисните молекули не носат значајни информации за човештвото, иако во животинскиот свет може да служат за навигација и за меморирање на природни ресурси. Но, човечкиот мозок на некој начин ги поврзува мирисите и со емоции и спомени, а не само со места и извори на храна.
Ефектот на навраќање спомени, предизвикан од мирис е наречен уште Прустов ефект. Овој феномен бил истражуван со децении. Нашите мозоци можат помалку или повеќе да поврзуваат олфакторни сензации со спомени. Се верува дека ова сознание би можело да помогне и при третман на Алцхајмерова болест.
Секако, ефектот го добил името според писателот Марсел Пруст, кој пишувал за спомените кои во него ги буди мирисот на колачите „маделинки“.
Мирисните спомени не се поврзани само со парфеми. Тоа може да бидат специфични мириси на некој детергент, изгорена гума, искосена трева, цвеќиња, храна… Сензорните информации се обработуваат во таламусот, кој потоа ги испраќа информациите до останатите делови на мозокот.
Мирисите пак, веднаш пристигнуваат во центарот за мирис познат како „олфакторен меур“. Овој т.н. меур е поврзан со амигдалата и хипокампусот, а тоа објаснува зошто добиваме толку живописни мемории кога ќе почувствуваме одреден мирис.
Во минатото, мирисните сеќавања им служеле на нашите предци да ги пронајдат изворите на храна секогаш кога им е потребно тоа. Денеска ние имаме поголем пристап до храната и не треба да ја ловиме сами. Но сепак, само момент на познат мирис нè враќа во даден момент и даден простор.
Па така, кога следен пат некој мирис ќе ве потсети на нешто, било да е тоа убаво или не, потсетете се дека еволуцијата ни помогнала во таквиот развој. Можеби ние немаме потреба да лоцираме скриена храна или да бараме безбедно место за спиење, но сепак, останало она чувство на удобност секогаш кога ќе помирисаме нешто што нè потсетува на одредена личност, време или место.
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,
Ако за оваа зима барате луксуз и уникатен мирис, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурно веќе знаете дека постојат
Понекогаш е навистина збунувачки да се следат различните изданија на ист парфем. Речиси секој комерцијален парфем има таканаречени фланкери, односно
За парфемите на Armaf може да се зборува со денови и секогаш да имаме нешто повеќе да кажеме. Имено, се
За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.
Изберете сигурно плаќање со картичка или во готово при достава.
Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!
Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.
Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.