ПАРФЕМИ КОИ СТАНАА ИНТЕРНЕТ ХИТ ВО 2024
Понекогаш е доволно некој парфем да стане хит на интернет и околу него да се создаде hype – возбуда и потреба да го пробаме и поседуваме, без разлика дали субјективно ни се допаѓа или не. Голем дел од овие парфеми се навистина добри, објективно, без оглед дали се работи за композиција, бренд, квалитет или трајност.
Во минатото имавме сличен пример со Bacarrat Rouge 540 и Lost Cherry, како и претставници од арапските парфемски куќи, особено Lattafa.
Во последно време токму овие клонови со арапско потекло привлекуваат многу внимание. Причина за тоа е нивната цена пред сѐ, а потоа и дизајнот на пакувањата, сличноста со скапи брендови и сосема очекувано, трајноста и перформансите на самиот парфем.
Fragrance.mk во својата понуда има токму од овие вирални парфеми, а можеме да ги издвоиме:
LATTAFA Nebras EDP
Nebras стана вирален хит поради својата гурманска композиција и сличноста со првиот парфем на Billie Eilish. Основната нота е ванила, придружена со карамел, какао, мандарина и акорд кој потсетува на шеќер. Пакувањето е луксузно, а очигледно е и дека е посветено многу внимане на дизајнот и деталите.
DOLCE & GABBANA Q EDP
Q е женска интерпретација на култниот машки парфем K. Во срцевината ја содржи нотата на цреша, која веќе неколку години е апсолутен тренд во парфемската индустрија. Композицијата неодоливо потсетува на познатиот Light Blue, но збогатен со поинтензивни и подоминантни ноти на мошус, јасмин и црвен портокал. Иако не се издвои со уникатност, овој парфем е значаен исчекор од фокусот на брендот кон Light Blue линијата.
TOM FORD Lost Cherry EDP
Lost Cherry доживеа и неколку реинтерпретации од самиот бренд, но и доста клонови. Трендот на цреша како нота започна токму со оваа креација, па воопшто не треба да нѐ чуди фактот дека овој парфем веќе подолго време е апсолутен хит меѓу љубителите на овошни парфеми. Дополнително, воодушевува и тоа што успешно е креирана унисекс композиција од ноти кои се стереотипно женски.
MOSCHINO Cheap and Chic I Love Love EDT
Тука се работи за ретро парфем кој одново ја живее својата популарност и постојано го откриваат помлади генерации на љубители на парфеми. Причини има многу. Најпрво, одличната цена во сооднос со количина и квалитет. Втора причина е сличноста со Light Blue, кој после низа реформулации го изгуби својот оригинален сјај. I Love Love, според многумина, многу потсетува на најстарите изданија на Light Blue, па им се допаѓа на сите вљубеници во сличните композиции.
TIZIANA TERENZI Kirke Parfum
Парфемот не е нов – помината е речиси деценија откако првпат излезе. Но, она што можеме да го забележиме низ годините, вклучувајќи ја и 2024, е дека неговата виралност и популарност воопшту не се намалува. Напротив, без оглед дали добива „хејт“ или воодушевувачки коментари, Kirke е и останува еден од најпопуларните niche парфеми на пазарот. Можеби мислите дека сите веќе го имаат пробано, но постојано гледаме нови видеа и осврти онлајн. Можете да го сакате или мразите овој парфем, но со сигурност можеме да кажеме дека ја одбележа оваа деценија.
LATTAFA Khamrah EDP
Иако беше вистински хит уште од првиот момент, Khamrah го доживеа врвот на својата слава во 2023 и 2024 година, поради тоа што е инспириран од популарниот Kilian Angel’s Share. Се работи за композиција која содржи ноти на рум, виски, урми, чоколада, какао, карамел, јаболко и многу слични гурмански елементи, кои ги прават неодолив. Познавачите на парфемите можат да потврдат дека не се работи за клон на популарниот парфем на Kilian, туку самостојна креација која е инспирирана од сличен гурмански профил.
LATTAFA Yara EDP
Yara, но и варијациите Yara Tous и Yara Moi се насекаде присутни на ТикТок и сличните платформи. Се работи за за елегантни и женствени парфеми, кои се инспирирани и од десерти како панакота, сладолед од манго или пак карамел. Кој и да го изберете, нема да погрешите бидејќи големи се шансите да ви се допадне уште на прво помирисување. Сосема се безбедни за оние кои сакаат да ризикуваат со „купување на слепо“ но притоа да не потрошат многу голема сума.
Што велите? Кој е вашиот омилен вирален парфем кој можете да го пронајдете во нашата понуда?
TOM FORD Lost Cherry EDP
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме

ШТО ГИ ПРАВИ ПАРФЕМИТЕ SERGE LUTENS ТОЛКУ ПОСЕБНИ?
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе

КАКО ПАРФЕМИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ВАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ?
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и

СОЗДАДЕТЕ УНИКАТЕН МИРИС СО ПАРФЕМСКИ СЛОЕВИ
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен

ИЗБИРАЊЕ НА СОВРШЕН ПАРФЕМ ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА: ДЕН, НОЌ, СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛИКИ
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,

ЛУКСУЗНИ И NICHE ПАРФЕМИ ЗА ОВАА ЗИМА
Ако за оваа зима барате луксуз и уникатен мирис, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурно веќе знаете дека постојат