КОИ ПАРФЕМИ СЕ FOUGERE И ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА НИВ?

Fougere е француски збор за папрат и се чита „фужер“, но не претставува парфеми кои мирисаат на папрат. Повторно, се работи за олфакторна група на парфеми со слични основни карактеристики.

За да опишеме fougere парфеми, најпрво треба да знаеме дека нивното име и категоризација потекнуваат од еден стар претставник, Houbigant Parfum Fougere Royale од 1882 година, кој беше повторно лансиран во 2010, под истиот бренд.

Ова е многу честа категорија во популарните машки парфеми, а fougere ефектот се постигнува со мирисни ноти на лаванда, цитруси, мов, дрвенести ноти и притоа се добива зачински и хербален мирис, кој потоа се дообработува со дополнителни ноти. Најчести додатоци се ветиверот, гераниумот, цитрусите, но и анималните ноти со кои се постигнува поголема длабочина на мирисот.

Во парфемскиот свет има толку многу претставници на оваа група, од ретро композиции, па се до модерни парфеми кои се популарни меѓу корисниците. Тие можат да бидат ароматични, свежи, ориентални, анимални, хербални, па дури и надополнети со кожа.

Многумина би рекле дека тоа се парфемите кои ги потсетуваат на берберница, поради мешавината од пена за бричење, сапун и колонска вода.

Познати претставници:

1. GUY LAROCHE Drakkar Noir

Овој парфем е вистински ароматичен „фужер“ лансиран во 1982 година, кој е навистина популарен и до ден-денеска. Во него има многу ноти. Основата е од мов, кожа, зимзелени ноти, ветивер, пачули и сандалово дрво. На самото отворање ќе почувствувате мешавина на лаванда, лимон, ментол, бергамот и рузмарин, додека пак во средните ноти се застапени бобинките од смрека, коријандер, цимет и каранфил.

2. PACO RABANNE Pour Homme

Ова е уште една исконска композиција која го дефинираше брендот Paco Rabanne многу време пред Black XS, One Million и Invictus. Самото зелено шише ни покажува дека се работи за „фужер“ кој е заснован на мов, мед и мошус, додека нотата на лавандата е во срцевината на парфемот. Во самото отворање ќе ве освежат нотите на рузмарин и жалфија, нудејќи неповторливо доживување на овој стил на парфеми.

3. AZZARO Pour Homme

И овој парфем својата популарност ја задржал со години, поточно од 1978 година па наваму. Основата е слична како Paco Rabanne Pour Homme. Во средните ноти доминираат ветиверот, сандаловото дрво, пачули, кардамом и бобинки од смрека, додека пак отворањето е со лаванда, анасон, лимон, ким, босилек и бергамот.

4. CALVIN KLEIN Eternity for Men

Првиот машки Eternity се појави во EDT концентрација во 90-тите и е вистински претставник на ароматичните „фужер“ парфеми кој содржи сандаловина, ветивер и мошус во основата, потоа жалфија, смрека, коријандер и јасмин во срцевината, а најгорните ноти се лаванда и лимон. Во 2019 излезе и помодерна EDP варијанта, со малку поинаков концепт, но со ист „фужер“ ефект. Основа од амбергрис, ирис и зимзелени ноти, срцевина со лаванда и мускатно оревче, додека отворањето е со зелено јаболко и жалфија.

5. YVES SAINT LAURENT Kouros

Овој парфем има „хејтери“ колку што има и љубители. Се работи за мирис кој е доста ретро, тежок, алдехиден, анимален и во принцип, ретко атрактивен за младата популација. Мора да се признае сепак, дека има и млади момци кои уживаат во него. Во основата доминира цибетка (civet), мед, кожа и мов. Во отворањето ќе пресретнете алдехиди, коријандер и жалфија, додека пак во средните ноти ќе пронајдете пачули, каранфил и ветивер.

Препорачани производи

AZZARO Pour Homme EDT

Price range:  1.920,00 through  3.720,00

CALVIN KLEIN Eternity for Men EDT

Price range:  2.480,00 through  3.970,00

GUY LAROCHE Drakkar Noir EDT

Price range:  1.270,00 through  2.310,00

VERSACE Dylan Blue EDT

Price range:  3.480,00 through  5.440,00

YVES SAINT LAURENT Kouros EDT

Price range:  4.380,00 through  4.870,00

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА