-
NIKOS Sculpture pour Homme EDT 1.660,00
-
PRADA La Femme L'Eau EDT 3.750,00
-
DIOR Fahrenheit Cologne EDC 5.720,00
-
DIOR Miss Dior EDT 6.870,00
КОИ ПАРФЕМИ СЕ FOUGERE И ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА НИВ?
Fougere е француски збор за папрат и се чита „фужер“, но не претставува парфеми кои мирисаат на папрат. Повторно, се работи за олфакторна група на парфеми со слични основни карактеристики.
За да опишеме fougere парфеми, најпрво треба да знаеме дека нивното име и категоризација потекнуваат од еден стар претставник, Houbigant Parfum Fougere Royale од 1882 година, кој беше повторно лансиран во 2010, под истиот бренд.
Ова е многу честа категорија во популарните машки парфеми, а fougere ефектот се постигнува со мирисни ноти на лаванда, цитруси, мов, дрвенести ноти и притоа се добива зачински и хербален мирис, кој потоа се дообработува со дополнителни ноти. Најчести додатоци се ветиверот, гераниумот, цитрусите, но и анималните ноти со кои се постигнува поголема длабочина на мирисот.
Во парфемскиот свет има толку многу претставници на оваа група, од ретро композиции, па се до модерни парфеми кои се популарни меѓу корисниците. Тие можат да бидат ароматични, свежи, ориентални, анимални, хербални, па дури и надополнети со кожа.
Многумина би рекле дека тоа се парфемите кои ги потсетуваат на берберница, поради мешавината од пена за бричење, сапун и колонска вода.
Познати претставници:
1. GUY LAROCHE Drakkar Noir
Овој парфем е вистински ароматичен „фужер“ лансиран во 1982 година, кој е навистина популарен и до ден-денеска. Во него има многу ноти. Основата е од мов, кожа, зимзелени ноти, ветивер, пачули и сандалово дрво. На самото отворање ќе почувствувате мешавина на лаванда, лимон, ментол, бергамот и рузмарин, додека пак во средните ноти се застапени бобинките од смрека, коријандер, цимет и каранфил.
2. PACO RABANNE Pour Homme
Ова е уште една исконска композиција која го дефинираше брендот Paco Rabanne многу време пред Black XS, One Million и Invictus. Самото зелено шише ни покажува дека се работи за „фужер“ кој е заснован на мов, мед и мошус, додека нотата на лавандата е во срцевината на парфемот. Во самото отворање ќе ве освежат нотите на рузмарин и жалфија, нудејќи неповторливо доживување на овој стил на парфеми.
3. AZZARO Pour Homme
И овој парфем својата популарност ја задржал со години, поточно од 1978 година па наваму. Основата е слична како Paco Rabanne Pour Homme. Во средните ноти доминираат ветиверот, сандаловото дрво, пачули, кардамом и бобинки од смрека, додека пак отворањето е со лаванда, анасон, лимон, ким, босилек и бергамот.
4. CALVIN KLEIN Eternity for Men
Првиот машки Eternity се појави во EDT концентрација во 90-тите и е вистински претставник на ароматичните „фужер“ парфеми кој содржи сандаловина, ветивер и мошус во основата, потоа жалфија, смрека, коријандер и јасмин во срцевината, а најгорните ноти се лаванда и лимон. Во 2019 излезе и помодерна EDP варијанта, со малку поинаков концепт, но со ист „фужер“ ефект. Основа од амбергрис, ирис и зимзелени ноти, срцевина со лаванда и мускатно оревче, додека отворањето е со зелено јаболко и жалфија.
5. YVES SAINT LAURENT Kouros
Овој парфем има „хејтери“ колку што има и љубители. Се работи за мирис кој е доста ретро, тежок, алдехиден, анимален и во принцип, ретко атрактивен за младата популација. Мора да се признае сепак, дека има и млади момци кои уживаат во него. Во основата доминира цибетка (civet), мед, кожа и мов. Во отворањето ќе пресретнете алдехиди, коријандер и жалфија, додека пак во средните ноти ќе пронајдете пачули, каранфил и ветивер.
Препорачани производи
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
15
Мар
ДАЛИ САКАТЕ ПАРФЕМИ КОИ МИРИСААТ НА КОЖА?
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Луѓето обожаваат најразлични мириси во секојдневниот живот. Некои уживаат во косена трева, други во мирисот на природата после дожд, не...
11
Мар
МАГИЈАТА НА ПАРФЕМИТЕ СО ЈАСМИН
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Јасминот има многу опоен мирис, инспиративен е, цветот е нежен, а аромата е забележлива каде и да се појавите. На многумина им е омилен...
06
Мар
ТРЕНД ИЛИ КЛАСИКА: ШТО ЌЕ НОСИТЕ ОВАА ПРОЛЕТ?
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Според некои непишани правила, потешките, благите и ориенталните парфеми се за доцна есен и зима, лесните цитруси и акватици за лето и ...
25
Фев
ЗОШТО НОВИОТ ПАРФЕМ НЕ МИРИСА КАКО ОНОЈ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ?
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Во парфемскиот свет секогаш се поставуваат истите прашања:- Мојот нов парфем мириса различно од оној кој го купив пред две години, дали...
20
Јан
ПАРФЕМИ КОИ БИ ГИ ИЗЕЛЕ: КОИ МИРИСИ СЕ ГУРМАНСКИ И ЗОШТО СЕ ТОЛКУ ПОПУЛАРНИ?
-
Автор
fragrance.mk
- 0 comments
Сигурно и самите сте помирисале некој парфем кој ве потсетил на утринската шолја кафе, колачи со путер, пралини, какао и чоколадо, неко...
Отвори повеќе
Loading...