Блог

Почетна » Блог » ЛЕТНИ ПАРФЕМСКИ НОТИ И НИВНИТЕ КОМБИНАЦИИ

ЛЕТНИ ПАРФЕМСКИ НОТИ И НИВНИТЕ КОМБИНАЦИИ

Ова лето веќе зборувавме за парфеми кои потсетуваат на сончеви зраци. Но, она што овојпат нè интересираше е кои ноти го даваат тој ефект? Кои комбинации на мириси ја создаваат онаа магија за прекрасно да мирисате во текот на летото, а сепак тоа да не е нападно и да не ви го „штипе“ носот?

ЦИТРУСИ

Ова се мирисите на лимон, портокал, мандарина, бергамот, грејпфрут или помело. Во нив спаѓаат и мирисите на кумкват, лимонова трева, лимета, нероли, јузу, листови од лимоново дрво и уште многу други.

Најпознати претставници на летните парфеми со цитрусни мириси се: Versace Versense, Versace Man eau Fraiche, Givenchy Gentleman Cologne, Elizabeth Arden Green Tea, Dolce & Gabbana Light Blue (Her & Him), Tom Ford Neroli Portofino, Calvin Klein CK All…

Карактеристични се за отворањето на парфемите, односно најчесто се присутни во горните ноти – оние кои ги чувствуваме први откако ќе нанесеме парфем. Потсетуваат на лимонада и на освежителен летен коктел.

ОВОШЈЕ

Овошните ноти во летните парфеми, покрај цитруси, се карактеризираат и со мириси на зелено јаболко, киви, малина, јагода, смоква или лубеница. Кога ќе нанесете летен овошен парфем, се чувствувате како пред вас да е освежувачка летна овошна салата. Присутни се во отворањето и во средината на парфемот, а најчесто во основата има мошус, ветивер или ванила.

Ако сте заинтересирани за ваков тип на мирис, пробајте ги Dolce & Gabbana Light Blue Sun, Dolce & Gabbana L’Imperatrice, DKNY Be Delicious, Tom Ford Lost Cherry, Un Jardin Sur Le Nil Hermès, Acqua di Parma Blu Mediterraneo Fico di Amalfi

КОКОС

Кокосот во комбинација со цветни и овошни ноти, дава тропски впечаток, а тоа е токму она што ни е потребно за во лето. Сепак, оваа нота може да биде навистина предизвикувачка за носење, особено ако не е совршено изблендирана во комбинацијата.

Ви препорачуваме да испробате кокос во Guerlain Aqua Allegoria Coconut Fizz, Lancome La Nuit Tresor Nude, Tom Ford Eau de Soleil Blanc, Estee Lauder Bronze Goddess, Jennifer Lopez Miami Glow, Montale Intense Tiare, но и Mancera Holidays и совршениот JPG Le Beau.

МОРСКИ НОТИ

Морските ноти всушност се акорди, кои потсетуваат на вода, сол, песок и морски алги. Овој акорд многу почесто го има во машките парфеми, но со сигурност можеме да кажеме дека постои и во женски и унисекс композиции. Се работи за освежувачки мирис, кој се добива синтетички, бидејќи не може да се направи маслен екстракт од плажа и море.

Ако сакате да го почувствувате овој мирис на својата кожа, ви ги препорачуваме Paco Rabanne Invictus, Armaf Club de Nuit Milestone, D&G Light Blue Eau Intense pour Homme, Hermes Un Jardin Sur La Lagune, Kenzo Homme EDT, но и да играте на сигурно со Davidoff Cool Water и за мажи и за жени.

СОЛ

Солта е уште една мирисна нота која ја има во летните парфеми, особено во оние кои се соодветни за свежите летни ноќи. Секако, мирисот не е добиен со екстракција на сол, туку е комбинација на ноти кои формираат акорд. За разлика од морските ноти, кои даваат акватичен аспект на мирисот, солта ги прави летните мириси повеќе гурмански и дрвенести.

Одлични примери за „солени“ парфеми се Paco Rabanne Olympea, Juliette Has a Gun Vanilla Vibes, Calvin Klein Reveal for her, Paco Rabanne One Million Parfum, Kenzo World Power EDT, женствениот Bvlgari Aqva Divina, но и храбриот Tom Ford Oud Minerale.

Препорачани производи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor