Почетна » Сите производи » RASASI Hawas Tropical EDP

RASASI Hawas Tropical EDP

(2 рецензии од купувачи)

 2.930,00

Парфимирана вода

Original price was:  3.380,00.Current price is:  2.930,00.

На залиха

✓ 100% Оригинални парфеми
Опис

Мирисни ноти

  • Горни: Coconut water, Fig leaf, Ginger
  • Средни: Coconut, Fig, Mint
  • Основни: Musk, Sandalwood, Tonka bean
Дополнителни информации
Бренд

Rasasi

Земја на потекло

Обединети Арапски Емирати

Сезона

Пролет/Лето

Тип

Парфимирана вода

Мирисна група

Овошни

,

Свежи

Испорака
Прочитајте внимателно!

ИСПОРАКА

Fragrance.mk ќе го испорача вашиот парфем промотивно насекаде низ Македонија БЕСПЛАТНО за секоја нарачка над 3000 денари. За нарачки под 3000 денари, испораката изнесува 160 денари. Нарачките направени до 14:00 часот, ќе бидат предадени на курирот за испорака истиот ден. Останатите направени по 14:00 часот, ќе бидат предадени на курирот за испорака наредниот ден. Неработни денови се Сабота, Недела и државни празници.

Нарачките се испорачуваат преку ЕЛС Еко Логистик, Ин Пошта Радески или ДХЛ Експрес. Откако вашата нарачка ќе биде преземена од страна на курирот, ќе добиете известување на вашата email адреса со број за следење на пратката.

Времетраењето на испораката е од 1-5 работни дена, во зависност од тоа каде се испорачува пратката. Вообичаено, пратките за Скопје се доставуваат наредниот ден, 1-2 работни дена до поголемите градови и скопските приградски населби и 3-5 работни дена до помалите градови и селата.

Доколку имате потреба од повеќе информации пратете ни email или јавете се на 072/73 33 98.

2 рецензии за RASASI Hawas Tropical EDP

  1. dia.aleksandar

    Одличен клон на Le Beau Paradise Garden, скоро е 1 на 1 идентичен како ОГ-то, само подобро составено и со подолготраен ефект и емисија. Мириса слатко и тропско, се осеќа кокосос и мента во позадина, едноставно неверојатно колку добро го има спакувано Rasasi како финален производ. Секако ова е летна варијанта за потопол период, но кога го видов не можев да одолеам и да не го нарачам веднаш. Безбеден за купување на слепо, скоро како и сите останати клонови од Hawas колекцијата, нема промашување.
    Fragrance.mk 10/10 (како и секогаш)
    Rasasi Hawas Tropical 100/10 (најдобриот Hawas до сега)
    Достава ELS 10/10 (брза и одлична достава со тракинг бројче)

  2. Igor Stamkov

    RASASI Hawas Tropical — мирис што изгледа како да доаѓа од рајот

    Прво што ми падна во очи беше шишето — тиркизната боја е чиста фантазија. Не само што изгледа егзотично и освежувачки, туку веднаш те подготвува за она што следи: мирисна експлозија на тропски ноти што те носи далеку од секојдневието.

    Мирисот отвора со кокосова вода и лист од смоква, како првиот здив на утро покрај море. Ѓумбирот додава малку живост, а срцето од кокос и мента е како да си се скрил под палма со ладен пијалак. Базата е топла и мека — мускус и сандалово дрво што остануваат со тебе, како спомен од совршен ден.
    Овој парфем не е само мирис — тоа е искуство. Од шишето до последната нота, Hawas Tropical е создаден за оние што сакаат да мирисаат како одмор, дури и кога се на работа.

Додај рецензија

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *