Блог

Почетна » Блог » МАШКИ ПАРФЕМИ КОИ СЕ СЛИЧНИ ЕДЕН НА ДРУГ

МАШКИ ПАРФЕМИ КОИ СЕ СЛИЧНИ ЕДЕН НА ДРУГ

Постојат парфеми кои си се инспирација еден на друг, а некогаш еден производител може да земе пример од друг и да направи уште подобра креација. 

Тоа не е ништо ново во мирисниот свет. Дури и самите сигурно сте забележале дека одредени парфеми личат едни на други, во иницијалното отворање или пак, во текот на развојот. Понекогаш, дури и со различни ноти се постигнува сличен мирисен впечаток. Се случува и да ви биде здодевно од одредени мириси, па да сакате да промените нешто, но сепак да го задржите мирисниот акорд кој ви е како личен потпис, но и да најдете варијација на омилениот парфем, во поинаква интерпретација. 

Во продолжение, ќе се посветиме на машките парфеми кои имаат повеќе или помалку сличности:

1. CREED Aventus

Ова е мирис без кој не може да се замисли парфемскиот свет. Aventus излезе во 2010 година, во чест на 250 години постоење на Creed и оттогаш е инспирација за многу парфеми кои во себе ги содржат овошните ноти на ананас, јаболко и рибизла, основа од мошус, ванила и мов и срцевина во која доминира брезата. Сепак, се работи за мирис со навистина висока цена, кој не може секој да си го дозволи во секое време. 

Но затоа постојат мириси кои имаат слични нишки како Aventus, а тоа се Armaf Club de Nuit Intense, потоа Montblanc Explorer, Mercedes Benz Select, а во сличен стил се и YSL La Nuit de l’Homme, како и Chanel Bleu de Chanel.

2. CHANEL Bleu de Chanel

Ова е уште едно парфемско ремек-дело од 2010 година, кое во основата има ветивер и дрвенести ноти, како и мошус и лабданум, а отворањето е со цитруси и нане. Во средните ноти доминира ѓумбирот, јасминот, како и нотата исо-е-супер. Постојат и „фланкери“ како Eau De Parfum и Parfum, кои се варијанти на Bleu de Chanel. 

Сепак, ако барате нешто што е слично, а сепак не е исто, би можеле да се обидете со Versace Dylan Blue Pour Homme, потоа Armaf Tag-Him, Giorgio Armani Acqua di Gio, а можете да ги пробате Dior Sauvage, Versace Pour Homme и Jean Paul Gaultier Le Male.

3. HERMES Terre d’Hermes

Дрвенест и зачински, ова е парфем кој на пазарот опстојува најмалку 15 години и никогаш не губи од популарноста. Неговата структура е инспирирана од алхемијата на дрвото, па затоа и самиот парфем создава минерален и хербален ефект. Во основните дони доминира ветиверот, средината е зачинска, а горните ноти се грејпфрут и портокал. Неговата Intense Vetiver варијанта е за оние кои сакаат нешто повеќе од овој парфем. 

Сепак, ако барате нешто со слична позадина, можете да се обидете со Montale Red Vetiver, Narciso Rodriguez for him Bleu Noir, Cartier Declaration, но и Lalique Encre Noire, D&G The One for Men и Dior Farenheit.

4. BURBERRY London for Men

London for Men е уште една машка парфемска композиција која веќе 15 години е атрактивна помеѓу љубителите на мириси, најмногу поради одличниот микс на ноти како тутун, дрвенести ноти, мов, цимет, лаванда, кожа и бергамот. Многумина го опишуваат како божикни колачи поради зачинските ноти и би го носеле во специјални прилики, на пример состанок со девојка. Но, секогаш е добро нешто да промените и ако го сакате London, со сигурност би ви се допаднале и:

Mugler A*Men Pure Havane, Bvlgari Man in Black, но и Calvin Klein Shock for Him, Victor&Rolf Spicebomb for Him, a вреди да дадете шанса и на Paco Rabanne One Million Prive.

5. GIVENCHY Pi

Ова е еден од најпрепознатливите легендарни мириси на Givenchy, кој беше лансиран во 1998, а потоа беа создадени уште неколку „фланкери“. Композицијата започнува со ноти на анис, босилек, мандарина и рузмарин. Во средните ноти ќе се сретнете со нероли, момина солза и анасон, а сето тоа стои на цврста основа од дрвенести ноти, шеќер, ванила, бадеми и тонка зрна. За некого Pi може да е премногу ретро, па затоа наместо него, можете да ги пробате:

Rochas Man, Armani Code Profumo, преубавиот Carolina Herrera 212 Sexy Men, Mugler A*Men или да играте на сигурно со Dior Homme Intense.

Препорачани производи

ARMAF Club de Nuit Intense Man EDT

 2.890,00

CHANEL Bleu de Chanel EDP

 7.720,00 13.570,00

GIVENCHY Pi EDT

 3.490,00 4.410,00

MONTBLANC Explorer EDP

 3.120,00 5.680,00

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

За нарачки над 2000 денари, испораката ја плаќаме ние.

СИГУРНО ПЛАЌАЊЕ

Изберете сигурно плаќање со картичка, во готово при достава или на рати.

ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ

Продаваме исклучиво оригинални производи. ГАРАНТИРАНО!

ПОДАРОК

Можеме да го испорачаме вашиот парфем спакуван како подарок.

БРЗА ИСПОРАКА

Вашата пратка ќе биде процесирана најдоцна следниот работен ден.
Оваа страна користи cookies за да овозможи комплетна фунционалност. За повеќе информации кој тип на податоци се опфатени во cookies, посетете ја страната за Политика на приватност.
Внесете дел од називот на производот што го барате.

Женски парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor

Машки парфеми

Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipiscing elit dolor