СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА LATTAFA НА ЕДНО МЕСТО
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме
За парфемите на Armaf може да се зборува со денови и секогаш да имаме нешто повеќе да кажеме. Имено, се работи за арапски парфемски бренд кој во својата понуда има премногу парфеми. Според познавачите, се работи за клонови на популарни парфеми, со мал пресврт, но сепак доследни на квалитетот кој се очекува од еден арапски бренд.
Брендот постои од 2015 година и веќе имаат над 156 парфеми во својата понуда. Со тоа, може да се каже дека иако се прилично нов бренд, тие добро си ја знаат својата работа.
На Блискиот Исток, Armaf важат за луксузен бренд со квалитетни пакувања и уште поквалитетни мешавини на парфемски состојки. На нашиот пазар доаѓаат со релативно пониска цена споредено со high-end брендовите. Исто така, никогаш не кријат дека инспирација добиваат од популарни парфемски мешавини.
Па така, ако сакате да добиете квалитет по цена која можете да си ја дозволите, не го пропуштајте овој бренд.
За вас издвоивме неколку интересни парфеми, кои можете да ги најдете и во нашата понуда.
Овој парфем е идеален ако барате нешто свежо, овошно и квалитетно, што сепак одговара на секоја сезона. Во основата на парфемот има мошус и амбергрис, а се отвара со богат наплив на лимон, ананас, бергамот и јаболко.
Парфемот лесно може да се спореди со Creed Aventus, Montblanc Explorer и Nishane Hacivat. Ќе ви се допадне доколку сте љубител на Dior Sauvage, Versace Pour Homme или Armani Acqua di Gio Profumo.
Елегантен женски парфем со ноти на цитруси, пачули, роза, дрвенести и ароматични ноти, зачини и ванила. Во средината на овој парфем ќе пронајдете и јасмин, гераниум и мошус.
За да ви биде појасно што можете да очекувате од Club de Nuit Woman, може да кажеме дека мирисот потсетува на легендарните Coco Mademoiselle и Miss Dior. Парфеми со слична ДНК на нотите се и Lancome La Vie est Belle, Mon Guerlain, Mugler Alien, како и Black Opium. Па, ако ви се допаѓа кој било од овие парфеми, нема да згрешите ни во изборот на вашиот нов Armaf.
Овој парфем е вистински избор за оние кои обожаваат женствена комбинација на ванила, јасмин, нероли, сандаловина, мошус и роза. Уште еднаш, за многу пристапна цена добивате исклучителен парфем кој многу потсетува на креациите Scandal JPG и Olympea Paco Rabanne.
Ако ви се допаѓаат Dior Addict, Narciso Rodriguez for Her и Mugler Angel, тогаш Mignon Black може да биде вашето оружје на заводливоста.
Ова е еден од најубавите цитрусни парфеми на Armaf. Богат е со многу цитрусни ноти, како што се грејпфрут, лимон, бергамот, мандарина и лимета во самото отворање. Откако ќе помине оваа иницијална свежина, продолжувате да уживате во прекрасниот бленд на рузмарин, лаванда, пачули, јасмин, морско оревче, ванила и мов.
Ако се одлучите за овој парфем, очекувајте нешто слично на Armani Acqua di Gio. Ќе ви се допадне ако ги сакате Davidoff Cool Water, Dior Sauvage и Nautica Voyage.
Ви нудиме уште еден женски парфем од линијата на Armaf. Оваа композиција навистина ќе ви се допадне ако сте љубител на Givenchy Ange ou Demon и Chloe Love Story.
Ако ги сакате Versace Crysal Noir, Dior Pure Poison и Calvin Klein Euphoria, ви гарантираме дека ќе уживате и во овој микс на ноти од зелен чај, јасмин, мошус, тубероза и пачули.
За крај, за вас имаме една унисекс композиција која личи на популарните Creed Silver Mountain Water и Xerjoff Mefisto. Ако ги сакате YSL La Nuit de l’Homme и Acqua di Gio Profumo, тогаш и Sillage многу ќе ви се допадне.
Според пирамидата на нотите, во отворањето има рибизла, бергамот, лимон, лимета и ѓумбир. Во средина на парфемот се розата, ирисот и јасминот, додека пак во основата има мошус, амброксан, сандаловина и кедрово дрво.
Lattafa е многу повеќе од обичен парфемски бренд кој произведува клонови на популарните парфеми. Ако ја разгледаме суштината, ќе сфатиме
Во потрагата по совршениот парфем често „заглавуваме“ во лавиринти на брендови, ноти, композиции, па дури и пакувања. А кога веќе
Дали сте забележале дека некои парфеми од вашата колекција кај вас предизвикуваат силна емоција и ве орасположуваат? Секако, постои и
Нанесувањето парфеми во слоеви не е новост во оваа индустрија, но сепак многумина не се охрабруваат да создадат свој уникатен
Наоѓањето на иделниот парфем е предизвик, но и големо задоволство. Многумина ќе речат дека не постои строга поделба на дневни,
Ако за оваа зима барате луксуз и уникатен мирис, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурно веќе знаете дека постојат